Научниците конечно потврдија дека бактеријата Yersinia pestis, позната како предизвикувач на Црната смрт, стои и зад Јустинијанската чума — првата регистрирана пандемија во историјата, стара 1.500 години. Во исклучително научно откритие, истражувачи за првпат го лоцираа изворот на смртоносната бактерија што стоела зад најраната позната пандемија во светот.
Јустинијанската чума или Justinianic Plague, е првата голема пандемија на бубонска чума во западна Евроазија и Медитеранот, која траела од околу 541 до 750 година н.е. Името го добила по јустинијан I, византискиот император во тоа време, а болеста била предизвикана од бактеријата Yersinia pestis. Пандемијата предизвикала смрт на милиони луѓе и имала значително влијание врз економијата и општеството на Византиската империја и поширокиот медитерански свет.
Овааа чума, која го опустошила источниот Медитеран пред 15 века, одамна е позната преку историски текстови — но сè до сега, точниот причинител бил непознат.
Истражувачите открија траги од Yersinia pestis во масовна гробница под урнатините на античкиот град Џераш во Јордан, обезбедувајќи први директни биолошки докази за Јустинијанската чума.
„Со векови се потпиравме на пишани извори за разорна болест, но немавме биолошки доказ за присуството на чумата,“ вели Рајс Х.Ј. Џијанг, водечки автор на студијата и професор на Факултетот за јавно здравје при Универзитетот на Јужна Флорида.
„Нашите откритија го пополнуваат тој празен простор, овозможувајќи ни генетски прозорец во тоа како се одвивала оваа пандемија во срцето на империјата.“
Како Yersinia pestis предизвикала пандемија
Јустинијанската чума започнала во 541 година од новата ера и се смета за првата регистрирана пандемија во светот. Се проширила низ источниот Медитеран и Византиската империја. Некои историчари веруваат дека таа е една од најсмртоносните епидемии, одземајќи меѓу 15 и 100 милиони животи во текот на два века повторувања.
Сега, мистеријата е решена: истата бактерија што ја предизвикала и Црната смрт во 1346 година — Yersinia pestis — стои и зад оваа древна пандемија.
Оваа зоонозна бактерија најчесто се шири преку болви што паразитираат врз глувци кои живеат во близина на луѓето, а во својата пневмонична форма може да се пренесува и од човек на човек.
Користејќи напредна ДНК технологија, тим од Универзитетот на Јужна Флорида и Универзитетот на Флорида Атлантик анализирал осум човечки заби од масовна гробница под античкиот римски хиподром во Џераш.
ДНК анализата открила дека жртвите имале речиси идентични соеви на Yersinia pestis, што го потврдува присуството на бактеријата помеѓу 550 и 660 година од новата ера. Наодите сугерираат брза и смртоносна епидемија, усогласена со историските извештаи за масовна смрт.
„Сајтот Џераш ни нуди редок увид во тоа како древните општества реагирале на јавноздравствени катастрофи,“ вели Џијанг.
„Џераш бил еден од клучните градови на Источната Римска Империја, трговски центар со монументална архитектура. Тоа што хиподромот – место за забава и гордост – станал масовна гробница покажува колку биле надвладеани урбаните центри во кризни времиња.“
Чумата не потекнува од едно место
Една поврзана студија укажува дека Y. pestis циркулирала меѓу луѓето илјадници години пред Justinian-чката пандемија, и дека подоцнежните епидемии — како Црната смрт и денешните изолирани случаи — не произлегуваат од единствен извор, туку повторно се јавуваат од животински резервоари.
„Се бориме со чумата веќе неколку илјади години, и сè уште умираат луѓе од неа,“ додава Џијанг.
„Како КОВИД, таа постојано еволуира, и мерките за контрола не можат целосно да ја искоренат. Мораме да бидеме претпазливи — но заканата никогаш нема целосно да исчезне.“