Кој вози пијан ќе биде веднаш депортиран: Оваа земја усвои нов закон! Ќе им биде забранет влез доживотно

Претставничкиот дом на САД усвои закон со кој се дозволува депортација на нелегални имигранти доколку се осудени за возење во пијана состојба.

Законот беше усвоен со 246 гласови „за“ и 160 „против“, а сега оди во Сенатот за понатамошно одлучување. Доколку Сенатот го усвои, ќе стигне до масата на претседателот Доналд Трамп.

Законот, покрај горенаведеното, предвидува дека лицата депортирани врз основа на овој закон не можат да се вратат во САД. Слично прашање беше предложено во 2024 година, но тогаш предлогот не доби одобрение од Сенатот.

„Денес дискутираме за едноставен, здраворазумен закон кој вели дека ако сте гостин во нашата земја и возите пијани, треба да бидете депортирани“, рече конгресменот Бери Мур, кој го предложи тогаш и сега.

„За просечниот Американец, усвојувањето на овој закон е сосема логично. Дури и во поделени времиња, демократите треба да се согласат со републиканците и едногласно да поддржат такво разумно законодавство“, истакна тој.

„На крајот на краиштата, депортирањето на опасни криминалци е рационален, нормален и конзистентен чекор што треба да го преземе овој Дом“, додаде Мур.

Законот е именуван по Брендан Мендоза, Џереми Си и Ангел Си, тројца луѓе кои ги загубија животите во несреќи предизвикани од нелегални имигранти осудени за возење под дејство на алкохол.

Важно е да се напомене дека законот нема да биде ретроактивен, туку ќе се применува само за странци осудени за возење под дејство на алкохол откако ќе стапи на сила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни