Кој вид на куфер има поголема веројатност да се изгуби при патување?

Според истражување на компанијата Eminent, црните куфери се најчест избор меѓу патниците, но тоа може да биде причина зошто често се губат

Иако е само јануари, многумина веќе започнуваат да ги планираат летните патувања, а еден од важните избори е и типот на куфер. На пазарот има многу опции, а причините за размислување за тоа кој куфер да го изберете се бројни – од бојата, видот на страните (тврди или меки), до големината. Сепак, постои еден фактор кој можеби не сте го земале во предвид при изборот, а кој може да влијае на тоа да вашиот куфер исчезне.

Според истражување на компанијата Eminent, црните куфери се најчест избор меѓу патниците, но тоа може да биде причина зошто често се губат. Имено, црните куфери се потешко препознатливи на лентата за багаж, бидејќи има многу, па веројатноста да се заменат или изгубат е значително поголема.

Eкспертот за патувања Џејми Фрејзер од американската компанија Wild Packs објаснува дека е клучно лесно да го препознаете вашиот куфер меѓу другите. Тој советува да избегнувате црни куфери, бидејќи тие се најчесто користени и најтешко се забележуваат. Препорачува да изберете куфер во поразновидни бои или да додадете препознатливи детали за да биде полесно да го идентификувате.

„Црните куфери се најчест багаж на глобално ниво, поради што се најтешко идентификувани и најверојатно ќе исчезнат“, вели Фрејзер. Исто така, додава дека ознаката со вашите податоци треба да биде чврсто прикачена на рачката на куферот, без разлика на бојата, за да се зголеми шансата вашиот багаж да не исчезне.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни