Кој сè ќе настапи на овогодинешното шоу „Глумците Пеат“?

Во изминатиот период на социјалните мрежи на шоуто „Глумците Пеат“ се појавуваа низа креативни видеа, со кои дел од актерите го најавуваа своето учество во шоуто. Трн ексклузивно дознава дел од имињата што оваа година ќе ги видиме во улога на пејачки ѕвезди!

За првпат во ова шоу ќе настапат актерката Сања Арсовска и популарниот Игор Ангелов – двајца силни театарски гласови што ќе ги видиме и во ново, музичко светло.

Публиката во МНТ ќе има можност да ги види и младите актери Лазар Христов, Антонио Ташковски и Јаков Спасов, кои со ова шоу добиваат голема сцена – и шанса да блеснат.

А за оние што знаат што значи „Глумците Пеат“, веќе добро познати се имињата на Рубенс Муратовски, Билјана Драгиќевиќ – Пројковска и Весна Петрушевска, кои и годинава остануваат во улогата на распеани главни ѕвезди.

Ова, како што велат од продукцијата, е само мал дел од актерската екипа што ќе ја видиме на 8 и 9 јуни во Македонскиот народен театар. Во живо, со оркестар, со кореографија и во форма што се доближува до мјузикл – ова шоу дефинитивно станува настан за кој се бара билет повеќе.

Последните влезници се достапни на mktickets.mk и karti.com.mk.
А дотогаш – погледнете ги видеата на @glumcitepeat и откријте уште некој актер што ќе ве изненади!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни