Кенан Црнкиќ, автор и тренер за трансформација

Кој пишува од срце, останува засекогаш во душите на читателите

Кенан Црнкиќ е босански автор на книги за позитивни промени. Тој многу внимателно го планира своето време и своите дневни активности, за него а и за неговите пациенти е многу важна дискрецијата, бидејќи живееме на Балканот, каде што се уште владеат стереотипите. „Оговарањето е национален спорт, а кукањето е олимписка дисциплина на Балканот!“, со насмевка споделува тој. Во неговата трета книга „Надживеј го животот“ вели дека најзрело пишува и за читателите на Трн открива дека првата глава со наслов „Најубавите приказни некогаш напишани“ се празни страници каде што читателите треба да ги напишат сопствените приказни. Неговите дела се преведени и објавени на повеќе странски јазици, а исто така и на Брајово писмо. Досега има продадено над 400 000 примероци а тоа е огромен успех за него.

Трн: Токму вашата приказна како од магнат се претворате во мотивационен гуру е она по кое се препознаваат горе долу повеќето мотивациски говорници и автори на книги за самопомош? Дали може да се каже дека заедничко за вас е тоа што од позиција на моќ и финансиска слобода сте имале време и можност да се посветите себеси и на својот духовен раст па оттаму и се менувате? По што е различна вашата приказна?

Кенан: Јас бегам од тие термини мотивациски говорници, гуруа и слично, затоа што мотивацијата не трае долго, како и туширањето е потребна секојдневно. Јас не верувам во моќта на трансформација, тоа е внатрешна промена, една моја реченици по која сум доста препозннатлив гласи: Не е важно да успееш во животот, важно е животот да ти успее.

Што е финансиска слобода денес? Колку знаете вие луѓе кои се финансиски моќни, ама не се среќни, не се исполнети, значи јас пишувам за нешто што самиот сум го поминал. Сега го играм второто полувреме на својот живот. По што се разликувам…јас мислам дека е заради тоа што пишувам од срце. Кој пишува од срце, останува во душите на оние кои читаат засекогаш. А од срце се пишува кога нешто ќе ве здоболи или нешто што самите сте го доживеале или поминале. Јас сакам приказни и сите мои книги се полни со приказни. Приказните се раскажуваат за да ги успијат децата и да ги разбудат возрасните. Една приказна кажува за еден учител кои ги учел своите ученици низ игра и забава. Тоа што сум го поминал лично е она што ме издвојува од останатите, луѓето го препознаваат тоа и веруваат. Тука има дел и некое теоретско познавање и некое практично познавање.

Бонус приказна!

Кај еден учител доаѓаат луѓе со еден куп проблеми и тој откако ги ислушал им вели дека на сите им треба едно добро кафе. И носи многу шољички сите се различни, има убави дизајнерски, има малку пообични, има дури и поткршени, пластични, и сите се тепаат да ги земат оние најубавите а додека се тепаат и истураат малку од кафето. Додека пијат сите гледаат во шољите на другите.  Учителот на крајот кажува, шољичките претставуваат материја, по се она по кое што вие трчате низ животот, и сите вие трчавте по тоа, дури и истуривте. Наместо да уживате во кафето потоа, вие набљудувавте  кој каква шољичка има, а Кафето е живот, среќа. Вам ви требаше тоа!

Дојди си себеси додека се уште имаш време!

Животот се сведува на години кои не значат ништо и моменти кои значат се!

Трн: Дали може среќата да се научи?

Кенан: Може и треба. Јас бев универзитетски професор, водев фирма. Но, никој на ниту едно ниво не не учи како да бидеме среќни. Мојот син има 14 години, и на училиште учи дропки корени и што ли уште не,ама никој не му го покажува начинот како се станува среќен,како  се радуваме, како се добива насмевка на лицето. Не учат како се управува со моќ и пари, а тие се две работи кои прават понатаму најмногу фрустрации во животот.

Јас ги сакам луѓето и верувам дека среќата доаѓа од тоа кога се среќаваш со некого.

Среќата е таму каде што не си ти! Таму каде правиш некоја добрина, каде што помагаш, излегуваш во пресрет некому, тогаш ти се чувствуваш среќен.

Ако не ги плаќате духовните сметки и ако ја запоставуваш својата внатрешност, доаѓа темнина и во себе и во вашиот дом, тоа е апсолутна вистина за мене.

Трн: Како вие работите на себе кога вас ќе ви падне мотивацијата?

Кенан: Мотивацијата доаѓа од два збора мотив и акција. Мотивот е како и зошто. Кој има доволно силно зошто, ќе се избори на крај со било кое како. Ако човекот навистина верува! Јас верувам дека е тоа мојата мисија. Ако немате долгорочни цели, ќе ве совладаат краткотрајни фрустрации. Никој не може за тебе да дефинира што е успех, освен ти самиот! Ќе победиш кога сам себе ќе си кажеш дека си победил.

Трн: Што е успех за вас?

Кенан: Да ми успее животот! А како успева животот? Така што ќе останам на мојата мисија. Предавав долго менаџмент и сите ги употребуваа тие термини визија и мисија. А мисија е целта на животот, на живот со цел. Мисија е изјава за целта на постоењето.

Ако го живееш секој ден како да ти е последен, еден ден ќе бидеш во право!

Трн: Дали сметате дека несреќата е исто така заслужена?

Кенан: Да, тоа е бумеранг. Бумерангот секогаш го наоѓа својот сопственик. Ние самите себеси често си ги нарачуваме проблемите. Животот ја прима бојата на твоите мисли.

Трн: Дали сметате дека кога луѓето би знаеле на кој начин функционираат мислите, би живееле посреќен живот?

Кенан: Во една мера да, ама друга работа е дејствувањето. Јас верувам дека постојат три клучни фактори:

  1. Првиот сме ние самите, ако сакаш да бидеш среќен, биди!
  2. Втор фактор многу моќен е луѓето кои не опкружуваат. Ние секогаш сме просек на петмина луѓе со кои го поминуваме времето. Тоа е апсолутна вистина. Разговорот секогаш се одвива на нивото на поглупавиот. Ако се опкружиш со такви луѓе кои не веруваат во себе, и ти ќе станеш таков. Со кој си таков си!
  3. Третиот фактор се информациите кои свесно и потсвесно ги примаме!

Трн: Како вас ви почнува денот?

Кенан: 21 минута без технологија. Тоа е многу важно да се конектираш со себе. Потоа правам план на денот си го пишувам целите. Затоа што вие ако немате план, лесно станувате дел од туѓ план. Свеста е широка, ама не е длабока, а потсвеста е длабока. Затоа потсвест, п парасимпатикус, п пишување. Кога ќе ги напишеш целите за денот и потоа пречкртуваш како ги исполнуваш и се полниш со чувство на среќа, дека си успеал во тоа, дека имаш контрола на денот. Една работа е да бидеш ефикасен, а друга работа е да си ефективен. Мораш во дневниот план прво да испланираш време за себе, па за твоето семејство, па сите останати активности. Сам себе си најважен. Погрешно е тоа што не учат дека егоизмот е лоша работа. Човекот се раѓа сам и умира сам, зошто да се лажеме до таа мера?!

И една тајна ќе ви откријам!

Никогаш нема да успееш ако правиш исто секој ден. Тајната на успехот се крие во твоето секојдневие. Во промените!

Трн: Тони Робинс или Екарт Тол?

Кенан: Од двајцата би зел тоа што е најдобро.  Екарт Тол е фантастичен за конектирање со самиот себе. Тони Робинс е одличен за мотивација. Има многу моќна енергија. Тој е на мисија. Апсолутно верува во тоа што го прави.

Дали секоја болка и секоја радост остава видливи траги на нашето тело?

Среќата е внатрешна работа. Јас верувам дека телото е привремена адреса. Во Босна велиме се намонтирал. А тоа е само надворешно. Луѓето сега се предозирани само со материјата и им бега суштината!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни