Кој кромид е најздрав: бел, црвен или црн?

Црвениот кромид едноставно е поефикасен во борбата против ракот поради големото количество антоцијанин, кој ја зголемува ефикасноста на кверцетинот во нападот врз слободните радикали што предизвикуваат рак.

Kога се пишуваат рецепти, често се спомнува само „кромид“ без да се прецизира видот, поради што често се одлучуваме за обичен бел или црвен кромид. Но, дали тоа е најдобриот избор за вашето здравје?

Се испоставило дека еден вид кромид е поздрав од другите.

Истражување од 2017 година, објавено во списанието Food Research International, открило дека црвениот кромид е најделотворен во уништување на човечки клетки на рак во споредба со другите видови кромид, благодарение на повисоките нивоа на антиоксиданси – кверцетин и антоцијанин.

„Антоцијанинот е клучен за бојата на овошјето и зеленчукот, па логично е дека црвениот кромид, кој е најтемен, има најголема моќ во борбата против ракот“, објаснува авторот на истражувањето, д-р Суреш Нитхиражан, пишува womenshealthmag.com.

Сепак, црвениот кромид не е единствениот што ги има овие предности.

„Сите видови кромид се моќни борци против ракот благодарение на високата концентрација на антиоксиданси – антоцијанин и кверцетин“, вели Карен Ансел, регистриран диететичар и авторка на книгата Healing Superfoods for Anti-aging: Stay Younger, Live Longer.

Црвениот кромид едноставно е поефикасен во борбата против ракот поради големото количество антоцијанин, кој ја зголемува ефикасноста на кверцетинот во нападот врз слободните радикали што предизвикуваат рак.

За среќа, црвениот кромид лесно може да се замени со белиот. Следниот пат кога вашиот рецепт бара бел или црн кромид, заменете го со црвен за дополнителна доза на моќни антиоксиданси (и подобрување на вкусот).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни