Кој и зошто повеќе и подолго спие – жените или мажите?

Кај мажите и жените се утврдени различни обрасци на спиење, што често се припишува на животниот стил

Нова студија ги објаснува разликите помеѓу мажите и жените во поглед на должината на спиењето, а резултатите би можеле да имаат важни последици за биомедицинските истражувања на спиењето, кои со децении се фокусирани главно на мажите.

Истражувањето на механизмите на спиењето станува се по интензивно во последните години, илјадници студии на животни се изведуваат за да се испита влијанието на квалитетот на спиењето на ризикот од болести како што се дијабетес, дебелина, Алцхајмерова болест и пореметувања на имунитетот, но и обратно – како болестите можат да влијаат на спиењето, пишува rts.rs.

Како и за многу експерименти, глодарите обично се први што се користат за контрола на дејството и несаканите ефекти на одредени лекови, па така и на оние за спиење. Сепак, бројни резултати се под прашалник поради отсуството на женски објекти на истражување (женски единки).

Кај мажите и жените се утврдени различни обрасци на спиење, што често се припишува на животниот стил.

„Резултатите од нашето истражување сугерираат дека биолошките фактори можеби играат поважна улога во тие разлики отколку што се сметаше“, изјави Рејчел Роу, професорка за интегративна физиологија.

Утврдена е дека мажјаците глодари спиеле околу 670 минути вкупно за период од 24 часа, што било околу еден час повеќе отколку кај глодарите од женски пол. Тоа дополнително спиење било не-REM спиење, време кога телото работи на својот опоравок.

Глодачите се ноќни животни и „полифазни спијачи“. Тие спијат неколку минути, потоа се будат кратко за да ја разгледаат својата околина и потоа продолжуваат со спиењето. Женките, открила студијата, имаат пократки циклуси на спиење, односно нивното спиење е повеќе фрагментирано.

Слични полови разлики се утврдени и кај други животни, вклучувајќи вински мушички, пајаци, риби зебри и птици. Од еволутивен аспект, тоа има смисла, бидејќи од биолошка перспектива, женките треба да бидат повнимателни на влијанието на околината и да се разбудат кога е потребно, бидејќи обично тие се тие кои се грижат за потомството.

Влијание на хормоните
Хормоните на стрес како што е кортизолот (кој го поттикнува вниманието) и полните хормони веројатно имаат дополнителен ефект. Така, на пример, жените почесто имаат полош сон за време на менструалниот циклус кога естрогенот и прогестеронот се на најниски нивоа. Постојат и теории дека жените „по природа“ имаат потреба од помалку сон.

Истражувачите се надеваат дека нивните резултати ќе инспирираат понатамошни истражувања на основните биолошки разлики меѓу половите во однос на спиењето. Тие очекуваат научниците да го преиспитаат начините на истражување.

Во 2016 година, Националните здравствени институти почнаа да бараат од научниците кои аплицираат за средства за истражувања да го земат во предвид полот како биолошка варијанта. Напредок е постигнат, но истражувањата покажале дека половата пристрасност сè уште постои, што може да има реални последици.

i

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни