Кој го организираше ЕМОФ?

За жал, домашната и европската јавноста повеќе беа информирани за лошите услови на организацијата, отколку за спортските успеси

Скопје (делумно и Куманово) една недела беше домаќин на Европскиот малдински олимписки фестивал ЕМОФ 2025.

За жал, домашната и европската јавноста повеќе беa информирани и запознаени со лошите услови на организацијата, отколку за спортските успеси на селекциите.

Тоа, предизвика и препукување на релација градска – централна власт за тоа кој е одговорен за организацијата на целиот настан.

Откако министерот за спорт Борко Ристовски кажа дека неговото министерство не било организатор но сепак го помогнало ЕМОФ со еден милион евра, а најодговорни биле Град Скопје и Македонскиот олимписки комитет, со реакција се јави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Според Град Скопје, токму министерството за спорт половина година работело на организацијата исклучувајќи го целосно Град Скопје.

„Град Скопје помогна Македонија и Скопје да бидат домаќини на Европската младинска олимпијада 2025. Претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димески, веднаш потоа одлучи дека организацијата ќе ја води заедно со Министерството за спорт и настанот, спротивно на стандардите и скандалозно, половина го однесе во Куманово. Цела година МОК и Министерството за спорт ја организираат олимпијадата, Град Скопје беше целосно исклучен, дури не доби ниту покана за отворањето. За Европската младинска олимпијада, откако не посрамија на меѓународна сцена, сега сакаат Град Скопје да им е виновен за нивната неспособност. Срамот е ваш, носете си го сами и сликајте се, порачаа од Град Скопје“ стои во реакцијата на Арсовска и Град Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни