(Видео) „Кој е следен“ пред Собрание: Демократијата не прави пауза!

Кога они одат на одмор платени од нашите пари, ние сме должни да зборуваме. Денс сме овде без платени патни трошоци и дневници. Демократијата не оди на пауза. Не затоа што немаме што да правиме туку затоа што имаме што да кажеме. Граѓаните ќе зборуваат, ќе критикуваат, ќе поддржуваат, ќе го кажат тоа што тлее предолго. Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Наш простор.

Нешто пред 12 часот пред Собранието на Република Македонија започна собирот органзиран од страна на иницијативата “Кој е следен“. Настанот е поделен во два дела. Во првиот дел, „Кој е следен“ ги презентираше нивните барања.

Барањата велат се глас на граѓаните, глас на разумот, глас на сите оние кои со години бараат институциите да бидат сервис на граѓанинот, а не инструмент во рацете на партиите. Во вториот дел, микрофонот го отвраат за јавноста, за секој човек што чувствува неправда, што смета дека институциите мора конечно да си ја завршат работата, што бара поголема безбедност, одговорност и транспарентност, добредојден е да зборува. Добредојден е да го каже својот став, својата болка, својот предлог и да не молчи.


Барањата во рамки на секторот безбедност и одговорност се следни:

„Изготвивме барања конкретно за инспекторатите. Бараме да се оформи граѓански сервис „Е инспекторат кој ќе овозможи транспарентно работење на сите инспекторати во земјава со што секој граѓанин ќе има увид во тоа кој објект бил подложен на надзор а кој не. Исто како што сите ние гледавме и моравме да проверуваме кога е незагеден воздухот за да провериме кога да излезем надвор, сега сме во ситиуација да провериме кога сме во ситуација да прoвериме кога нашата безбедност е загрозена и кои локали ја гарантираат нашата безбедност“ велат од „Кој е следен“.

Тие сметаат дека „Е Платформата“ ќе ја адресира таа потреба. Но потребно е велат и е да се инсталира и централен број за проверка на нерегуларности во работењето на инспекторатите каде секој граѓанин ќе има можност да пријави нерегуларност а истото пота да биде распределено до соодветените надлежни за тој проблем.

-Во рамки на иницијативата формиравме и барања кои ги адресираат урбаните проблеми во нашите градови и бараме надлежните да се позанимаваат со обезбедување на функционален јавен превоз. Ја подржуваме амбицијата на Македонски Железници за градски воз со што јавниот транспорт ќе добие една нова димензија. Уште една мерка е одредени зони да бидат зони само за пешаци. Тоа функционира во одредени места како што е Дебар Маало каде одредени улици во викендоте функционираат без автомобили. Такви мерки се почетоко да ги направиме нашите градови градови на луѓе, а не на машини- велат.

Борјан Ефтимов зборуваше за барањата за правда и одговорност за случајот со пожарот во дискотеката Пулс, но и за сите останати случаи во кои многу граѓани ги изгубија животите.

-Во одонос на случајот Пулс Кочани нашата иницијатава разбирливо има дилеми дали надлежните ќе ја спроведат правдата на достојно ниво. Поради тоа бараме да се објави транспарентно и целсоно документацијата за работењето на дискотеката од 2012 до денес. Односно да се објави од сите надлежни институции.

Бараме да се објават овие документи за да видиме дали воопшто посостојат и дали воошто бил извршен надзор во оваа дискотека. Системот во Македонија не функционора од самото нејзино основање и затоа и бараме транспарентно да се објави документацијата за сите други трагедии кои се случија изминатиот период. Односно бараме да се објави документацијата за случаите поврзани со Беса Транс, со Дурмо турс, со онкологија и со Тетовска модуларна болница. Во овие трагични настани каде состемот потфрлил, јавноста е нецелосно информирамна за да се заштитат одредени индивидуалци или групи кои владелее во Македонија во изминатите 33 години.

Одговорност морална бараме да превземат и од приватниот сектор. Да се превземат мерки за едукација на своите членки, за да можат самите тие да се справат со проблемите и да ги заштитат своите гости а не само овиекоморит да се вклучуваат кога е потребна финасиска помош од државата или одредена дерегулација за да го прошират своите тераси на сметка на безбедноста на локалната заедница, вели Ефтимов.

Фрустрирани сме, додава тој од неактивноста на нашето Собрани воопшто. Многу е пасивно иако има за цел да ги претставува граѓаните.

-Кога они одат на одмор платени од нашите пари, ние сме должни да зборуваме. Денс сме овде без платени патни трошоци и дневници.

Ова велат е повик за одговорност затоа што сите можеме да бидеме следни жртви. Гласот мора да се слушне, а институциите мора да реагираат.

„Кога заминуваат тие на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Демократијата не оди на пауза. Не затоа што немаме што да правиме туку затоа што имаме што да кажеме. Граѓаните ќе зборуваат, ќе критикуваат, ќе поддржуваат, ќе го кажат тоа што тлее предолго. Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Ова е твојот простор. Наш простор – велат од „Кој е следен?“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни