„Кој е следен“ порачаа: Да ги направиме нашите градови градови на луѓе, а не на машини

Ја подржуваме амбицијата на Македонски Железници за градски воз со што јавниот транспорт ќе добие една нова димензија. Уште една мерка е одредени зони да бидат зони само за пешаци. Тоа функционира во одредени места како што е Дебар Маало каде одредени улици во викендите функционираат без автомобили. Такви мерки се почетокот да ги направиме нашите градови градови на луѓе, а не на машини

На денешниот протест пред Собранието на Република Македонија, иницијативата „Кој е следен“ изнесе низа предлози и барања во делот на безбедност на граѓаните со кои побараа побезбедни градови, трансформација на јавниот сообраќај и зони за пешаци.

-Во рамки на иницијативата формиравме и барања кои ги адресираат урбаните проблеми во нашите градови и бараме надлежните да се позанимаваат со обезбедување на функционален јавен превоз. Ја подржуваме амбицијата на Македонски Железници за градски воз со што јавниот транспорт ќе добие една нова димензија. Уште една мерка е одредени зони да бидат зони само за пешаци. Тоа функционира во одредени места како што е Дебар Маало каде одредени улици во викендите функционираат без автомобили. Такви мерки се почетокот да ги направиме нашите градови градови на луѓе, а не на машини- велат организаторите.


Тие изготвија барања конкретно за инспекторатите и побараа да се оформи граѓански сервис „Е инспекторат кој ќе овозможи транспарентно работење на сите инспекторати во земјава со што секој граѓанин ќе има увид во тоа кој објект бил подложен на надзор, а кој не.

-Исто како што сите ние гледавме и моравме да проверуваме кога е незагеден воздухот за да провериме кога да излезем надвор, сега сме во ситиуација да провериме кога сме во ситуација да прoвериме кога нашата безбедност е загрозена и кои локали ја гарантираат нашата безбедност“ велат од „Кој е следен“.

Настанот е поделен во два дела. Во првиот дел, „Кој е следен“ ги презентираше нивните барања. Борјан Ефтимов зборуваше за барањата за правда и одговорност за случајот со пожарот во дискотеката Пулс, но и за сите останати случаи во кои многу граѓани ги изгубија животите.

Фрустрирани сме, изјави тој, од неактивноста на нашето Собрание.

-Кога они одат на одмор платени од нашите пари, ние сме должни да зборуваме. Денс сме овде без платени патни трошоци и дневници – изјави Ефремов.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни