Кој е расположен за коктел од 1200 евра?

Новиот производ на хотелот Merchant е опишан како „ремек-дело на ирското виски“

Хотел во Белфаст, Северна Ирска, лансираше коктел вреден 1.000 фунти (1.200 евра), кој го опиша како „искуство што се случува еднаш во животот“.

Новиот пијалок, Midleton Foret de Troncais, е опишан како „ремек-дело на ирско виски, одлежено во ретки француски дабови буриња Troncais и дава елегантни ноти на мед, препечени бадеми и нежен зачин“. Се служи со Antica Formula и Dubonnet. Коктелот е дел од новото мени коешто го лансираше The Merchant Hotel, а вклучува ретки сорти виски од Midleton, Macallan и Michter’s.

Претходно, во 2007 година, хотелот во Белфаст беше запишан во Гинисовата книга на рекорди за најскап коктел во светот со својот Маи Таи од 750 фунти (900 евра). Според Гинисовата книга на рекорди, хотелот потоа бил претекнат кога коктел вреден 8.583 фунти (10.298 евра) бил продаден во Клуб 23 во Мелбурн, Австралија.

Други установи, иако не се признати од Гинис, нудат поскапи пијалоци. Риц Карлтон во Токио, Јапонија, потврди дека нудат мартини во вредност од 3 милиони ¥ (18.830 евра) – коешто вклучува вистински дијаманти.

Фото: Merchant Hotel

Коментирајќи го лансирањето на новото мени, Арон Дуган, генерален менаџер во The Merchant Hotel Bar во Белфаст, рече: „Горди сме што ќе ја оживееме нашата единствена соработка со три икони на виски со The Rare & Rafined Collection“. „Овие исклучителни пијалоци се направени за да создадат искуства што треба да се уживаат еднаш во животот. Малкумина среќници што ќе ги пробаат овие пијалоци, ќе уживаат во нешто навистина посебно“, додаде тој.

Коктел барот е првиот и единствен бар во Северна Ирска на кој му е доделен статус на 2 пинови од страна на Pinnacle Guide, еден од само 17 барови во светот. Опишан како „Michelin Guide for Bars“, Pinnacle Guide ги промовира најдобрите места за коктели низ светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни