Kој e oстровoт кој смеат да го посетуваат само војници и научници, бидејќи таму живее најопасното суштество на светот?

„Островот на змии“, се протега на 430.000 квадратни метри и е единственото место на планетата каде што живее овој вид змии

АОстровот Ilha de Queimada Grande (Островот на змии), оддалечен 32 километри од брегот на Сао Паоло, е дом на златната змија (Bothrops insularis). Со право е наречен „Островот на змии“, се протега на 430.000 квадратни метри и е единственото место на планетата каде што живее овој вид змии.

Островот речиси и да нема посетители, освен неколку научници кои секоја година добиваат посебно одобрение за проучување на змиите. Понекогаш го посетува и бразилската морнарица, која го одржува светилникот изграден во 1909 година – но и таа брзо се повлекува.

Развија исклучително силен отров
Се верува дека и ловци на змии доаѓале на островот за да фатат златни змијоци, кои на црниот пазар можат да достигнат цена и до 30.000 евра.

Златната змија се развива во изолација уште од кога островот бил одделен од копното пред околу 11.000 години, поради покачување на нивото на морето, по што змиите останале без разновидни извори на храна. Главен плен им станале птиците преселници, но проблем било што отровот кај повеќето змии делува бавно. До моментот кога отровот ќе делува, птицата веќе ќе одлетала.

Затоа овие змии еволуирале отров кој делува речиси веднаш – пет пати е посилен отколку кај повеќето други змии.

Кај луѓето, каснувањето од златниот змијок носи околу 7% ризик од смртен исход.

Денес критично загрозени, но и натаму опасни
Самото име на островот – Ilha de Queimada Grande – значи „остров на запалување“, затоа што во минатото имало неуспешен обид за развивање плантажа банани со палење на шумската вегетација.

Во последните 15 години, популацијата на змии на островот се намалила за околу 15%, делумно поради сеча на вегетацијата и болести. На Црвената листа на Меѓународниот сојуз за зачувување на природата (IUCN), златниот змијок е наведена како критично загрозена врста.

Сепак, со илјадници змии кои и натаму живеат на островот, може да се каже дека ова веројатно не е идеална дестинација за одмор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни