Кој е филмот поради кој Тарантино станал режисер?

Квентин Тарантино е еден од највлијателните режисери на модерниот филм, познат по уникатната комбинација на динамична нарација, привлечни ликови и препознатливиот дијалог кој стана негов заштитен знак.
Фото: Gage Skidmore/Flickr

Од раните 1990-ти, неговата работа го редефинира жанровскиот филм, црпејќи инспирација од различни извори – од самурајски филмови и криминални приказни од Хонг Конг до италијански шпагети-вестерн класици.

Според него, „само неколку режисери успеале да земат стар жанр и да создадат сосема нов свет од него“, пишува Far Out Magazine. Тарантино го гледа филмот како жив организам – нешто што мора постојано да се обновува за да преживее.

Филмска едукација од видеотека

За разлика од многу негови современици, неговото филмско образование не се одвиваше во академските кругови, туку во кината и видеотеките, каде што работел како тинејџер. Таму го стекнал своето легендарно енциклопедиско знаење за филмот и го развил чувството за стил што подоцна ќе го направи еден од највлијателните режисери во неговото време.

Посебно се истакнува неговата фасцинација со европските вестерни, особено делата на италијанските режисери како Серџо Корбучи, Дучио Тесари и Франко Жиралди. Сепак, еден филм имаше пресудно влијание врз неговата одлука да стане режисер.

Филмот кој промени се

„Филмот што ме натера да размислувам за режијата, кој ми покажа како режисер ја обликува приказната преку камерата и како може да контролира филм, беше ‘Once Upon a Time in the West’“, откри Тарантино.

Оваа епска вестерн сага на Серџо Леоне за него беше како филмско училиште – дело што му ги отвори очите кон авторскиот печат и начинот на кој режисер може да остави свој личен белег на филмот.

„Бев апсолутно фасциниран и помислив: ‘Така се работи’“, сподели Тарантино. Според него, овој филм го обликувал неговиот визуелен стил и начинот на кој размислува за филмот, оставајќи неизбришливо влијание врз неговата работа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни