Кој е филмот кој го донел единствениот Оскар во Југославија? (Видео)

Иако денес многу мал број на луѓе се запознаени со овој успех, интересно е што Душан е првиот режисер надвор од САД кој ја добил оваа награда, имајќи предвид дека Оскарите се доделуваат од 1932 година. Првиот добитник бил Волт Дизни и тој долго време го држел приматот по бројот на освоени Оскари
FILE - An Oscar statue appears at the 91st Academy Awards Nominees Luncheon, Feb. 4, 2019, in Beverly Hills, Calif. (Photo by Danny Moloshok/Invision/AP, File)


Во историјата на поранешна Југославија само еден фил се вратил дома со престижната награда Оскар. Станува збор за анимираниот филм „Сурогат“, режиран од Душан Вукотиќ во 1962 година. Овој филм влезе во историјата како единствениот југословенски добитник на ова престижно признание.

Иако денес многу мал број на луѓе се запознаени со овој успех, интересно е што Душан е првиот режисер надвор од САД кој ја добил оваа награда, имајќи предвид дека Оскарите се доделуваат од 1932 година. Првиот добитник бил Волт Дизни и тој долго време го држел приматот по бројот на освоени Оскари.

Цртан филм „Сурогат“ е приказна за триаголен дечко кој живее во свет во кој сè е надувување – душек, автомобил, девојка… но сè многу брзо исчезнува. Филмот носи порака за последиците на потрошувачкото општество во кое „никогаш не е доволно“.

Душан Вукотиќ бил дел од „Загрепската школа за анимиран филм“, а работел како режисер, сценарист, аниматор, стрип цртач, карикатурист.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни