Кој е авторот во ера на вештачка интелигенција?Јавна панел-дискусија на Саемот на книга 2025

Во понеделник, 12 мај 2025 година, со почеток во 18:00 часот, во салата „Борис Трајковски“ на Саемот на книга, ќе се одржи јавна панел-дискусија на тема: „Кој е авторот во ера на вештачка интелигенција?“ – Авторство, интелектуална сопственост и иднината на креативноста во ера на ВИ.

Настанот го организираат здружението „ВИ Сега“ и Македонската асоцијација за интелигенција (МАИ), а има за цел да ја отвори јавната дебата за улогата на авторот и авторските права во време кога вештачката интелигенција активно учествува во создавање на содржини – од книги и статии, до музика, илустрации и преводи.

На панелот ќе учествуваат:

  • Сашка Цветковска – истражувачка новинарка и уредничка во ИРЛ
  • Марина Тунева – експертка за медиумска етика
  • Бојан Саздов – претседател на МАИ
  • Сеад Џигал – комуниколог и автор
  • Суад Сефери – основач на „ВИ Сега“ и автор на првата книга за ВИ на Балканот

Модератор: Александра Тодоровиќ (ВИ Сега)

Панелистите ќе дискутираат за правните и етичките димензии на генеративната ВИ, за можноста за ко-авторство помеѓу човек и алгоритам, одговорноста за содржина создадена од ВИ, и предизвиците пред кои се наоѓаат авторите во ова ново дигитално доба.

Влезот е слободен за сите посетители на саемот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни