Кој е Џанг Јиминг? Главниот креатор на TikTok Визионер кој ја промени денешната потрошувачка на дигитални содржини

Основачот на кинескиот технолошки гигант ByteDance, Џанг Јиминг, е еден од најистакнатите претприемачи на денешницата, познат по неговата многу популарна апликација TikTok, која има повеќе од милијарда корисници ширум светот. Приказната за подемот на Џанг неговите иновации и предизвици  со кои се соочи е инспиративен пример за претприемачкиот дух во технолошката индустрија. 

Неговата приказна започнува скромно, во кинеската провинција Фуџијан, но со јасна визија и исклучителен талент за технологија и претприемништво. Џанг ја разви својата страст за технологија додека студирал микроелектроника и софтверско инженерство на Универзитетот Нанкаи во Тијанџин. За време на студиите, Џанг се истакна како еден од најперспективните студенти, покажувајќи исклучителен талент за програмирање и развој на софтвер. 

Дипломирал во 2005 година, а неговото образование ги поставило темелите за идниот успех во светот на технологијата. 

По завршувањето на студиите, Џанг ја започна својата кариера работејќи за веб-страницата за патувања Kуксун. Овие искуства му помогнаа да ги разбере интернет платформите и потребите на корисниците. Кога Куксун го купи TripAdvisor, Џанг доби можност да работи за глобално позната компанија, што му овозможи драгоцено искуство и увид во глобалниот пазар. 

По краток престој во Мајкрософт, Џанг реши да тргне по својот пат. Основаше неколку стартапи, вклучително и портал за пребарување на недвижен имот, пред целосно да се посвети на апликациите за агрегатори на вести, со цел да се натпреварува со понудата за вести вградени во реклами на Baidu. Бидејќи сите големи работи доаѓаат од ништо, во 4-собен стан во Пекинг, во 2012 година, компанијата ByteDance ги направи првите чекори. 

Мисијата на Џанг со ByteDance беше јасна: „Инспирирајте ја креативноста, збогатете го животот“. Првиот производ на ByteDance беше Jinri Toutiao, апликација за агрегатор на вести која користи машинско учење за да ја прилагоди содржината на интересите на корисниците. Toutiao брзо стана најпопуларна платформа за вести во Кина, со милиони преземања и корисници. 

Џанг го препозна потенцијалот на вештачката интелигенција во персонализацијата на содржината, што стана основниот принцип на производите на ByteDance. 

Препознавајќи ги можностите во видео содржините, Џанг го лансираше Douyin во 2016 година, кратка видео платформа која брзо се здоби со популарност во Кина. Набргу потоа, Douyin беше лансиран на глобално ниво под името TikTok. TikTok стана светски феномен, привлекувајќи милиони корисници ширум светот, особено меѓу помладата популација. Популарноста на TikTok експлодира, а во 2018 година ByteDance ја купи американската апликација Musical.ly за 1 милијарда долари, помагајќи го позиционирањето на TikTok на глобалниот пазар. 

Според американската истражувачка апликација Sensor Tower, во првиот квартал од 2019 година,TikTok брзо стана најсимнуваната апликација на iOS , Ова спојување на апликации ја покажа способноста на Џанг да ги идентификува можностите и стратешки да го прошири бизнисот.

Успехот на TikTok не остана незабележан. Нејзината популарност предизвика општествени феномени како хит песната на Лил Нас Икс „Old Town Road“, додека брендовите како Burberry, Poshmark и Calvin Klein ја искористија својата позиција на Gen-Z преку популарните предизвици. Сепак, со големиот успех доаѓаат и големи предизвици. ByteDance често е под лупа од кинеската влада поради недостаток на филтрирање на лажни вести и несоодветна содржина за нејзините 12-годишни корисници. Исто така, вреднувањето на ByteDance беше погодено поради шпекулациите дека TikTok може да биде забранет на американскиот пазар. 

По сите овие настани, Џанг Јиминг се повлече од функцијата извршен директор на ByteDance во мај 2021 година, но остана активен во рамките на ByteDance, но не и во секојдневните оперативни улоги. Тој повеќе се фокусираше на стратешки прашања и долгорочни проекти. Џанг Јиминг покажа како визијата и иновациите можат да го трансформираат начинот на кој луѓето консумираат и создаваат содржина. 

Од скромните почетоци со Toutiao до глобалниот успех со TikTok, ByteDance ја докажа својата способност брзо да се приспособува и да иновира во динамична технолошка средина. Ќе биде интересно да се види како се развива и какви нови иновации носи ByteDance бидејќи ја продолжува својата мисија да ги поврзува и забавува луѓето ширум светот. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни