Search

Кој домат е поздрав – свежиот или готвениот?

Доматот е богат со хранливи материи, а нивното благотворно дејство се појачува со готвењето. Готвениот домат помага во намалување на нивото на масти во крвта, ја забрзува регенерацијата на мускулите по вежбањето и ја прави кожата поздрава.

Истражувањата покажуваат дека консумирањето на сок од домати по вежбањето помага во регенерација на мускулите. Грчките научници откриле дека спортистите кои пијат сок од домати по напоред тренинг побрзо се опоравуваат од тие кои пијат енергетски пијалаци.

Благодарение на фактот што може да се комбинира со најразлична храна и хранливи состојки како што се витамин Ц, калиум и фолна киселина, доматот е меѓу најпопуларните намирници на светот.

Анализата на шест студии покажува дека консумирањето една чаша сок од домати дневно во период од шест недели може да ги намали нивоата на ЛДЛ и да ги зголеми нивото на ХДЛ, потенцијално намалувајќи го ризикот од кардиоваскуларни болести.

Доматите содржат моќен антиоксиданс ликопен, кој помага да се елиминираат слободните радикали кои можат да ги оштетат клетките во телото. Ликопенот е поефикасен кога се варат доматите бидејќи топлината ги разградува клеточните ѕидови, правејќи го ликопенот подостапен.

Доматниот сос направен од свеж или конзервиран домат, дури и кечапот, даваат повеќе ликопен од свежиот домат. Додавањето на масилново масло во текот на готвењето дополнително ја поттикнува апсорпцијата на ликопен.

Извор Активни.си

Најново

Последни колумни