Кој бил Нострадамус и како од лекар станал пророк?

Пророштвата на Нострадамус се напишани во стихови, на четири јазици и не се хронолошки подредени. Затоа, со децении беа „злоупотребувани“ и толкувани на начин кој кому му одговара.

Имено, Нострадамус често практикувал ноќна медитација, а наводно за време на една од сесиите паднал во транс и доживеал пророчка визија, пишува во една од биографиите. Овој момент, според одредени извори, го означил крајот на неговата кариера како лекар и дефинитивен пристап кон мистицизмот, окултизмот и пророштвата.

Постојат различни податоци кога е роден. Според едни тој е роден на 14. а според други на 21 декември 1503 година.

Наводно го предвидел и точниот датум на сопствената смрет, но иронично е што историографијата до ден денешен не го усогласила датумот кога починал дали на 1. или на 2. декември 1566 година.

Неговото родено име е Мишел де Нострадамус. Како и многу академски граѓани од тоа време, тој го латинизираше името и стана Нострадамус.

Тој бил еден од деветте браќа и сестри и бил роден како католик, но само затоа што неговиот дедо се откажал од еврејското потекло неколку години претходно, за да го избегне гневот на инквизицијата.

Уште како дете, покрај францускиот течно говорел грчки, хебрејски и латински. Разбирал математика и астрологија. На Универзитетот во Авињон се запишал на 14 години, но морал да го напушти следниот ден, бидејќи вратите на образовната институција биле затворени по избувнувањето на чумата.

Неколку години подоцна успеал да влезе на Универзитетот во Монпеље, но овој пат веднаш бил избркан, бидејќи продавал дрога на други студенти. Ова беше забрането со статутот на Универзитетот.

Меѓутоа, тој наводно добил лиценца за медицински работник во 1525 година, а во младоста помагал во лекувањето на чумата, барал да се запали облеката на болните, а остатоците од храна да се уништат за носители на инфекцијата, стаорците да немаат што да јадат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни