Шест од десетте најиновативни земји во светот се европски, но Кина за првпат влезе во топ 10, симнувајќи ја Германија од врвот, според новиот извештај на Обединетите нации објавен во вторникот.
Според Глобалниот индекс за иновации (GII) 2025 на Светската организација за интелектуална сопственост, кој рангира 139 економии по 78 различни индикатори, Швајцарија повторно е на прво место – позиција што ја држи од 2011 година.
Следуваат: Шведска (2. место), САД (3. место), Јужна Кореја, Сингапур, Обединетото Кралство, Финска, Холандија, Данска, Кина – на 10. место (првпат во топ 10) и Германија падна на 11. место (минатата година беше 9.)
Како стои остатокот од Европа?
Франција е на 13. место, Ирска – 18, Италија – 28, Шпанија – 29 и Португалија – 31.
Иновативен подем во средноразвиени земји
Извештајот нагласува добри резултати и во земјите со среден приход, како Кина, Индија, Турција и Виетнам како и земји што „се појавуваат како динамични иновативни изведувачи“: Сенегал, Тунис,Узбекистан и Руанда
Намалување на глобалното темпо на вложување во иновации
Извештајот наведува дека по деценија брз раст на трошоците за истражување и развој (R&D) и вложувања во ризичен капитал, растот опаѓа: R&D расте со најбавно темпо од глобалната финансиска криза, Venture capital инвестициите сè уште не се опоравиле по падот во 2023
Сепак, Кина е на пат да стане најголемиот инвеститор во R&D, со најмногу патентни пријави во светот – околу четвртина од сите меѓународни апликации.
Иновациите не запираат, иако инвестициите опаѓаат
Извештајот вели: „Иако инвестициите во иновации се во застој, самата иновација не е.“
Некои напредоци што ги истакнуваат: Зелени суперкомпјутери со нови рекорди во ефикасност, пад на цените на батерии, што го забрзува преминот кон чиста енергија, појава на електрични возила, 5G и роботика и геномско секвенцирање станува сè подостапно, отворајќи нови можности за персонализирана медицина
И покрај тоа, има и предизвици, одобрувањата на нови лекови се намалени за 19%, што укажува на сложеноста на фармацевтските иновации.