Сцената се одиграла за време на „Kiss Cam“ моментот на концертот, кога камерите ги прикажаа Бајрон и Кабот во прегратка, додека тој ја држеше за половината. Видливо изненадени, и двајцата се обиделе да се сокријат – Бајрон се свртел, а Кабот го покрила лицето. Случајот предизвика бура реакции на интернет, особено откако сопругата на Бајрон, Меган Кериган, го тргна неговото презиме од својот Фејсбук профил – што многумина го сфатија како најава за развод.
Coldplay's Chris Martin accidentally exposes astronomer CEO Andy Byron having an affair with his HR chief Kristin Cabot. pic.twitter.com/GMa2g0EiK3
— Pop Crave (@PopCrave) July 17, 2025
Кој е Кристин Кабот?
Родена во Бостон, Кабот дипломирала политички науки на колеџот Гетисбург. Таа се приклучила на компанијата „Astronomer“ во ноември 2024 година, нарекувајќи го тој период „возбудлив и трансформативен за компанијата“. Нејзината кариера започнува во 2000 година, а низ годините работела во повеќе компании на позиции поврзани со човечки ресурси и управување со таленти.
На својот LinkedIn профил се опишува како „лидерка посветена на луѓето“ и експерт за создавање позитивна работна култура во стартапи и мултинационални компании. Претходно била во брак со Кенеди С. Торнби, од кој се развела во 2022 година.
Бајрон во сега избришана објава на LinkedIn ја пофалил Кабот како личност со „исклучителен лидерски стил и длабоко знаење во управување со таленти“, додавајќи дека нејзините вештини се клучни за развојот на компанијата.