Многу градови низ светот имаат одлични мрежи за јавен превоз, од Монтреал до Пекинг, но кој град во Европа може да се пофали со одржлив јавен превоз кој ја штити животната средина?
Според Smart City Expo, транспортот учествува со 72 отсто од емисиите на CO2, а автомобилите произведуваат 60 отсто од овие емисии. Со анализа на бројот на електрични возила на патиштата, електрични автобуси, полначи, компании за изнајмување велосипеди и должината на градските велосипедски патеки споредено со нивото на загаденост, Smart City Expo дојде до листа на европски градови со најзелен транспорт.
На врвот е Лондон, кој има неверојатни 80.000 електрични возила на патиштата и 1.397 електрични автобуси (со тоа што градот сака целата флота да биде со нулта емисија до 2034 година).
Покрај тоа, градот има само умерено ниво на загаденост, и покрај тоа што е еден од најголемите во Европа.
На второ место е Амстердам, кој има повеќе велосипеди отколку автомобили на патиштата, како и 13.000 станици за полнење, а на трето е Виена, која има 1.300 километри велосипедски патеки и голем број начини на транспорт вклучувајќи метро, трамваи и автобуси.
Градови со најзелен јавен превоз
Лондон
Амстердам
Виена
Берлин
Хелсинки
Париз
Осло
Андора ла Вела
Брисел
Луксембург