Кој е зачинот кој може да биде добра замена за шеќер?

Станува збор за вкусен зачин кој се добива од внатрешната кора на дрвото на цимет. Обично се користи како ароматичен зачин и додаток на слатки и солени јадења, како и топли и ладни пијалоци

Цимет е популарен зачин кој предизвикува чувство на топлина и удобност. Од ролници до кафе со цимет – постојат толку многу начини да уживате во овој топол, дрвенест зачин. А ако се земе во предвид дека со помош на овој ароматичен зачин можете да ја намалите желбата за слатки или дури целосно да ја изгубите желбата за нив, веројатно ќе го сакате уште повеќе.

Циметот е одличен за колачи, но домаќинките му најдоа уште една намена.

Станува збор за вкусен зачин кој се добива од внатрешната кора на дрвото на цимет. Обично се користи како ароматичен зачин и додаток на слатки и солени јадења, како и топли и ладни пијалоци. Но, покрај прекрасниот вкус и неверојатната арома, овој повеќенаменски зачин може да ни понуди уште многу повеќе.

Циметот содржи многу антиоксидативни полифеноли и антиинфламаторни својства. Антиоксидансите можат да го намалат ризикот од болести, штитејќи ги клетките од слободни радикали.

Освен тоа, циметот е идеален начин да го намалите користењето шеќер во исхраната. Достапен во облик на стапчиња или прав, овој зачин има природно сладок вкус, што го прави идеална замена. Покрај тоа, тој дава посебен вкус на овошни, чоколадни, како и десерти со кафе.

Исто така може да се додаде во солени јадења како што се сосови, па дури и салати, или едноставно можете да го посипете по парчиња исечени јаболка.

Покрај прекрасниот вкус, циметот има бројни други здравствени придобивки. Не само што го спречува чувството на глад, туку и драстично го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта.

Едно од лековитите својства на циметот е што може да го спречи згрутчувањето на крвта, бидејќи го инхибира ослободувањето на воспалителната масна киселина наречена арахидонска киселина.

Заради оваа особина, тој е природно антиинфламаторно средство. Покрај тоа, циметот има многу ефикасни антимикробни својства кои можат да го запре растот на габички и бактерии, а познато е и дека циметот го олеснува варењето.

Влакната и калциумот помагаат во отстранување на жолчни соли од телото, така што циметот помага во заштита на дебелото црево и дигестивниот систем.

Покрај тоа, циметот е корисен дури и за функцијата на мозокот – неговиот силен мирис може да ја стимулира мозочната активност и да ги подобри когнитивните процеси како што се внимание, меморија и многу повеќе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни