Кој е виновен?

Виновни се сите – институциите кои не реагираат навреме и не создаваат ефективни механизми за справување со насилството, родителите кои не ја преземаат одговорноста за воспитувањето на своите деца и, конечно, образовните установи кои не се способни да создадат сигурно и поддржувачко опкружување за учениците. Насилниците не се раѓаат такви; тие се продукт на систем кој не се справува со нивните проблеми, не нуди вистинска помош и дозволува ситуациите да ескалираат до момент кога стануваат опасни. Сите тие, од Министерството за образование до локалните власти и родителите, имаат одговорност да спречат вакви ситуации, но на крајот децата се тие кои ги плаќаат последиците од нивната небрежност.

Прво родителите на учениците од „11 Октомври“, неколку дена не ги пуштаат учениците од прво до четврто одделение во училиште, откако разбраа дека се работи за проблематичен ученик кој треба да направи трансфер од друго основно училиште, а ним им се придружија и неколку од повисоките одделенија, а потоа проблемот се префрли и во ОО „Лазо Ангеловски“.

Да се бојкотира наставата и ниту еден ученик да не оди во училиште до решавање на проблемот со насилниот ученик од трето одделение, одлучи Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“.

Според нив, се очекува да биде спроведена одлуката од Министерството за образование со кое се предлага проблематичниот ученик да ја промени средината, односно да биде префрлен во друго училиште, затоа што останувањето во „Лазо Ангеловски“, не е добро ниту за него, ниту за останатите ученици.

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека случајот добил преголема и непотребна јавност.

Училиштето од каде што потекнува детето, на располагање има психолог, педагог и директор и цел систем за да го реши проблемот. Ист таков систем има и училиштето во кое што оди сега детето. Тоа не смее да остане на улица – порача Јаневска.

-Но, факт е дека проблемот постои веќе три години, а решение не е најдено. Во одделението на ученикот со насилно поведение останале само 13 дечиња. Сите други биле принудени да се префрлат во други училишта. Си заминале и двете наставнички. Секојдневно булинг трпеле и учениците од другите класови кои со страв одат на училиште вели претставникот на родителскиот совет. 

Се обиделе многупати проблемот да го решат локално, но во ниту еден случај не наишле на соработка од родителите на ученикот, а ниту од државните институции. Случајот ескалирал пред два дена кога и покрај сите реакции детето било вратено на настава.  

Очегледно е дека институциите треба да се позанимаваат и со родителот на детете прд да биде предоцна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни