Заврши ерата на Џастин Трудо: Koj e Mарк Карни новиот премиер на Канада?

Трудо објави во јануари дека ќе се повлече од функцијата по повеќе од девет години на власт, бидејќи неговиот рејтинг драстично падна, што ја принуди владејачката Либерална партија да му најде заменик.

Бившиот гувернер на централните банки на Обединетото Кралство и Канада, Марк Карни, победи на трката за лидер на Либералната партија.Тој ќе го наследи Џастин Трудо како премиер на Канада и лидер на Либералната партија.

Канадската Либерална партија доцна ноќеска го објави името на наследникот на премиерот Џастин Трудо на функцијата претседател на партијата и премиер, додека трае трговско-царинскиот конфликт со САД, кој би можел да има сериозни последици за канадската економија, пренесуваат агенциите.


Џастин Трудо

Новиот премиер ќе треба да преговара со американскиот претседател Доналд Трамп, кој заканува со нови царини за Канада, а наскоро ќе треба да се соочи и со опозициските конзервативци на општи избори, јавува Ројтерс.

Трудо објави во јануари дека ќе се повлече од функцијата по повеќе од девет години на власт, бидејќи неговиот рејтинг драстично падна, што ја принуди владејачката Либерална партија да му најде заменик.

„Дали ова е идеално за нас во услови на билатерална криза? Претпоставувам дека не е“, изјави Дру Фаган, професор на Манковиот факултет за глобални прашања и јавна политика.

Бившиот шеф на централната банка, Марк Карни, од почеток се сметаше за фаворит и доби најголема поддршка од членовите на партијата, но собра и најмногу гласови од четворицата либерални кандидати. Карни го поддржуваат скоро две третини од Трудоов кабинет, а истражувањата покажуваат дека ужива поддршка од 43 отсто од либералите, во споредба со 31 отсто, колку што доби неговата главна конкурентка, поранешната министерка за финансии Критија Фриланд.

Карни беше гувернер на националната банка на Канада и Англија, и тоа е еден од причините зошто се смета за најдобар кандидат за соочување со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.

Трамповиот трговски конфликт и неговиот говор за тоа дека Канада треба да стане 51-ва американска држава ги разгневија Канаѓаните, кои ја исвиркаа американската химна на НХЛ и НБА натпреварите, а многу од нив ги откажуваат патувања јужно од границата или избегнуваат да купуваат американски производи.

Порастот на канадскиот национализам ги зголеми шансите на Либералната партија на парламентарните избори кои се очекуваат за неколку дена или недели, а резултатите на либералите континуирано се подобруваат во истражувањата на јавното мислење, пренесува АП.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни