Кој ќе го наследи богатството на Џин Хекман?

Богатството на актерот Џин Хекман се проценува на 80 милиони долари, а временскиот јаз меѓу неговата и смртта на неговата сопруга би можел значително да влијае на распределбата на имотот.

Според законот на државата Ново Мексико, ако сопружниците умрат во рок од 120 часа еден од друг, нивната смрт се смета за истовремена, што влијае на начинот на наследување.

Бидејќи Бетси умрела прва, постои можност нејзиниот имот да му припадне на Џин, за подоцна да им биде распределен на неговите наследници според тестаментот.


Не е познато дали Хекман и Бетси имале предбрачен договор, што дополнително ги комплицира правните аспекти на поделбата на имотот. Исто така, болеста на Хекман може да влијае на полноважноста на тестаментот, во зависност од тоа кога е направен.

Бетси немаше деца, додека Хекман имаше три деца од првиот брак со Феј Малтезе – Кристофер, Елизабет и Лесли, кои би можеле да станат главни наследници.

Неговите деца и внука Ени објавија заедничка изјава:

„Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот татко Џин Хекман и неговата сопруга Бетси. Тој беше сакан од милиони поради неговиот брилијантен талент, но за нас тој секогаш беше само тато и дедо. Тој ќе ни недостига неизмерно“.

Лесли дополнително ја нагласи важноста на Бетси во животот на нејзиниот татко:

„Нивниот брак беше прекрасен. Верувам дека Бетси е одговорна за неговиот долг живот, бидејќи таа секогаш се грижеше за него и за неговото здравје.“

Џин Хекман остави неизбришлива трага во филмската индустрија. Иако кариерата ја започна доцна, неговите филмови како „Супермен“, „Француската врска“ и „Бони и Клајд“ му донесоа светска слава.

Тој се повлече од актерството во 2004 година поради исцрпувачката природа на работата, а последните години ги помина мирно со Бетси и нивните миленици во Санта Фе. За жал, со нив починало и нивното куче Зина, додека другите две кучиња биле пронајдени живи на имотот.

Телата на Хекман и неговата сопруга беа пронајдени на 26 февруари во семејната куќа во Санта Фе, вредна 3,8 милиони долари.

Хекмен починал од срцева болест седум дена откако Бетси го починала од реткиот хантавирус, болест која ја пренесуваат глодари.

Трагедијата дополнително се усложнува со фактот дека актерот боледувал од Алцхајмерова болест и, според извештајот од обдукцијата, не јадел по смртта на Бетси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни