Кој ќе биде новиот 007?

Џејмс Бонд влегува во нова ера! По заминувањето на Даниел Крег од улогата на легендарниот агент на MI6, шпекулациите за неговиот наследник не стивнуваат. Но, сега приказната добива нов пресврт – Amazon MGM Studios ја презема креативната контрола врз франшизата, што значи дека долгогодишните продуценти Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи повеќе нема да имаат целосна власт врз иднината на Бонд.

Оваа вест веднаш предизвика бура на социјалните мрежи, особено откако сопственикот на Amazon, Џеф Безос, се огласи на Инстаграм со едноставно, но моќно прашање: „Кого би одбрале за следниот Бонд?“

Фановите веднаш реагираа, преплавувајќи ги коментарите со свои предлози, стравувања и надежи. Додека некои молат франшизата да не биде „унишштена“, други со сигурност имаат еден фаворит: Хенри Кавил!

Ѕвездата на Man of Steel и The Witcher е омилен избор на публиката, благодарение на неговата посветеност, харизма и способност да донесе моќни улоги на големото платно. Дали конечно ќе ја добие можноста да го облече култниот костум на 007?

Останува да видиме како Amazon MGM Studios ќе ја обликува иднината на најпознатиот таен агент во филмската историја. Што мислите вие – кој треба да биде новиот Џејмс Бонд?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни