Францускиот институт во Скопје, по повод својата 50-годишнина, и Фестивалот „Про-за Балкан“, во рамките на своето 12. издание, организираат книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф, основач на издавачката куќа « Les Argonautes » и Лали Бернар, книжевен агент.
Доколку сакате да дознаете повеќе за тековите во француската литература и издаваштвото во Франција, резервирајте си место на следниот линк: https://forms.gle/MbHshcKUc8KGcBSH8 Настанот ќе се одвива со превод на македонски јазик.