Search

Книжевен разговор и читање на македонски поети на „Стих у регији“ во Хрватска

Во рамки на поетскиот фестивал „Стих у регији“, вчера на 30 јуни, од 16:00 часот, во живописното хрватско гратче Врбовец, се одржа разговор и поетско читање на македонските автори ученици на фестивалот.

На средбата учествуваа младите македонски поети Павлина Атанасова, Андреј Медиќ Лазарвески и Ивана Јовановска, а настанот го модерираа директорот на фестивалот Иван Херцег и Славомира Рибарова.

На настанот се разговараше за тековите во македонската современа поезија, за институционалната и вонинституционалната поддршка на младите поети, за здружувањето на младите и нивното креирање разни платформи за промоција на нивната поезија, како и за улогата на книжевните списанија во промоцијата на новите гласови.

„Стих у регији“ е еден од најзначајните поетски фестивали во регионот, а настаните се одржаа во Загреб, во Вараждин и во Врбовец, и покрај македонските и хрватските, настапија и поети од: Велика Британија, БиХ, Бугарија, Италија, Србија, Украина и Словенија.

Гостувањето на македонски поети е дел од соработката за книжевна размена помеѓу издавачката куќа ПНВ Пуубликации од Скопје и Хрватското друштво на писатели (ХДП) од Загреб, а беше помогнато од Министерството за култура

Најново

Последни колумни