На 23. јуни, понеделник во18.00 часот во Europe House – Скопје ќе се одржи книжевниот кружок посветен на романот „Тирза“ од Арнон Грунберг по повод гостувањето на авторот во Скопје.
,,Ќе зборуваме за сите нишки што романот ги крие во себе, ќе поразговараме со Грунберг и ќе дознаме за процесот и идеите зад приказната. Романот го следи Јерген Хофместер, кој живее удобен живот во најелитниот дел на Амстердам, има милионска заштеда во банка, две возрасни ќерки и угледна работа во издавачка куќа. Дури и недоразбирањата што ги има со сопругата полека се надминуваат додека мирно го очекува денот кога ќе се пензионира. Неговите денови се лежерни и спокојни и тој се гордее со фактот дека спие мирно како бебе – освен понекогаш, кога се прашува дали е, всушност, чудовиште. Според „Die Presse“ романот е „вознемирувачко и брилијантно истражување на животот на средната бела класа, зачинето со елементи на семејна драма и трилер“ порачуваат организаторите.
Следниот ден, на 24. јуни во КСП Центар-Јадро, во 20:00 часот ќе биде промоцијата на романот!