На први ноември во 19 часот во Комитет ќе се одржи настанот „Книжевен кружок на Штефица Цвек“
„Пред да продолжите на журка за Ноќта на вештерките. Повелете на неформален разговор со вештиците-писател(к)и кои вешто ја прекројуваат македонската книжевна сцена.Овој настан е посветен и на сите автор(к)и кои влегоа во поширокиот круг на признанието, и тие исто така срдечно се поканети да се приклучат на разговорот“ велат организаторите.
Лидија Димковска, Калиа Димитрова и Стефан Алијевиќ се автор(к)ите кои оваа и минатата година го добија регионалното признание „Штефица Цвек“. Ана Аврамовска, која исто така беше меѓу наградените, ќе има видео обраќање.
Признанието „Штефица Цвек’“ се доделува трета година по ред на книги кои разгледуваат феминистички и квир, но и други политички ангажирани тематики – антивоени, еколошки, антиколонијални.
Во изборот влегуваат авторки и автори од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.
„Несооветно со атмосферата на „страшната ноќ“, ние нема да бидеме опскурни туку многу отворено, за сите кои не чуле за „Штефица Цвек“, ќе ја претставиме идејата зад наградата и процесот и критеримите за селекција на книги.Дел од темите кои ќе ги демистифицираме и промешаме (во разговор со гостите и меѓусебно), освен четирите наградени дела од Македонија, се и сфаќањето на ангажираната книжевност, релациите на македонската книжевна сцена со регионот, преобмислувањето на книжевните ритуали, процеси и канони…„ порачуваат организаторите.
Подоцна во вечерта, во 22.00 Стефан Алијевиќ ќе пушта музика за Ноќта на вештерките.