Книжевен клуб за деца вечерва во Europe House Скопје

Детски книжевен клуб #14 ќе се случи денеска од 18:30 во Europe House заедно со Ана Голејшка Џикова, на кој децата ќе зборуваат за Ромските бајки, нивната важност и пораки. Целта на овој клуб е да се поттикне создавањето приказни во рамки на својата традиција и јазик. Препорачана возраст е децата учесници да имаат над пет години.

Сите заинтересирани родители треба да ги регистрираат своите деца на следниот линк:
https://forms.gle/opzrwfZyBR4aeVTA9

Максимален број на учесници е 12. Пријавувањето ќе биде отворено додека не се пополни максималната бројка. Задолжително е учесниците да бидат во рамки на зададената возрасна група.

За време на книжевниот клуб, одговорноста за поведението и можните несакани ситуации кај учесниците на книжевниот клуб се исклучиво на родителот/старателот/одговрното лице. Europe House и организаторот се оградуваат од одговорност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни