Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Кардиф, го игра последниот меч од квалификациите за СП 2026.
Во 20.45 часот по македонско време избраниците на Благоја Милевски ќе се сретнат со репрезентацијата на Велс, во директен дуел за втората позиција во групата.
Македонија има еден бод предност пред домаќините, па оттука и со нерешен резултат остануваме на втората позиција што води во бараж натпреварите, но и обезбедува и пласман во третиор шешир и ибегнување на најсилните репрезентации.
„Подготвени сме за предизвикот. Ова е решавачки меч, но мојата порака до играчите е да уживаат. Велс е квалитетна селекција, но и двете екипи останаа речиси исти како на првиот натпревар во Скопје. Верувам дека ќе одговориме и ќе ги исполниме целите – рече пред мечот Благоја Милевски.
И покрај исходот од вечерашниот натпревар, Македонија веќе има обезбедено пласман во баражот за Светското првенство преку Лигата на нации, што е вторпат едноподруго. Доколку Македонија загуби од Велс, ќе биде во четвртиот шешир при ждрепката, со потенцијални ривали како Италија, Турција, Украина и Полска.
Жрепката за бараж натрпеварите ќе се одржи на 20 ноември. Светското првентство во фудбал 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада следното лето.
