Организатор е скопскиот клуб Епицентар, кој зад себе има бројни иновативни журки и незаборавни музички искуства. Овојпат, тие носат свежа и експлозивна атмосфера директно на езерото, преку две вечерни пловења кои ќе се одржат на 31 јули и 01 август 2025 година.
Ден 1 – WHY2K takeover (31 Јули)
Првиот ден е целосно резервиран за екипата од WHY2K – младата, но веќе докажана генерација диџеи кои оставаат силен печат на локалната сцена.
Настапуваат:
DIMCHUGA
AYA
5R
Со серија успешни настапи во клубот Епицентар и познатиот Макка Бар, ови забави гарантираат добра енергија, фино селектирана музика и модерен звук што совршено се вклопува со магијата на Охридското езеро.

Ден 2 – EPI Special (01 Август)
Вториот ден носи ексклузивен lineup со домашни и интернационални диџеи 🎶 Настапуваат:
- BAZEL – еден од најпознатите диџеи во Македонија, со години активен на сцената и поранешен член на колективот Pollux. Како резидент-домаќин, Базел повторно ја носи енергијата што минатата година ја обележа „ЕпиБродот“.
- DJ CIGE (@igorcige) – пионер на македонската електронска сцена со над 20 години искуство. Неговиот сет е музичко патување кое го дефинира духот на андерграундот – со страст, техничка прецизност и автентичен звук.
- MIKE STEVA (Австралија) – диџеј и продуцент со глобално реноме. Со повеќе од 100 изданија и соработки со гиганти како Dixon, Ame, Osunlade, Louie Vega и Defected Records, неговиот звук претставува спој на хаус музика и етнички елементи, инспириран од различни култури.
- SAMMER – кариерата ја започнува на подиумите во Ибица, каде настапува на Afterlife, Sunset Ashram, и Sanctus во Миконос. Зад неа стојат настапи низ светот од Истанбул до Тулум, со уникатен стил и жанровска слобода.

Достапни се вкупно 120 влезници.
Влезниците се наменети за лица над 18 години и може да се набават во Бистро Комедија, со претходна резервација преку директна порака на Instagram профилот: @club_epicentar
Цени на влезници:
1200 денари – за првите 60 влезници, најдоцна до вторник, 29 јули
1500 денари – по истекот на тој рок или откако ќе се продадат првите 60 влезници.
Резервирај навреме!