КЛМ ги укинува летовите за Тел Авив на неопределено време

КЛМ од недела ги суспендира летовите за Тел Авив на неопределено време, повикувајќи се на оперативни и комерцијални причини

Холандската национална авиокомпанија KLM Royal Dutch Airlines соопшти дека од недела ќе ги прекине летовите кон Тел Авив на неопределено време.

Компанијата наведе дека одлуката е донесена од оперативни и комерцијални причини, пренесе холандската новинска агенција ANP.

„КЛМ континуирано ја прилагодува својата глобална мрежа според пазарната побарувачка и оперативните околности. Во овој момент не е комерцијално и оперативно изводливо КЛМ да реализира летови кон Тел Авив“, изјави портпаролка на компанијата.

Нема повеќе летови до аеродромот Бен Гурион

Со оваа одлука КЛМ повеќе нема да лета до главниот меѓународен израелски аеродром – Ben Gurion Airport.

Компанијата веќе во јануари привремено ги суспендираше летовите кон Тел Авив, откако процени дека прелетите над одредени земји на Блискиот Исток се небезбедни.

На прашањето дали безбедносните причини и понатаму се фактор во најновата одлука, од КЛМ не сакаа дополнително да коментираат

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни