Поранешниот американски претседател Бил Клинтон изјави дека „не видел ништо што би го навело на сомнеж“ за време на дружењата со покојниот финансиер Епстин, сведочејќи зад затворени врати пред конгресна комисија.
Неговото појавување пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом претставува првпат актуелен или поранешен американски претседател да биде принуден да сведочи пред Конгресот.
Политички тензии околу сослушувањето
Демократските членови на одборот побараа и претседателот Трамп да биде повикан со судски налог, но републиканскиот претседавач Џејмс Комер изјави дека тоа нема да се случи.
И Клинтон и Трамп се дружеле со Епстин пред неговата пресуда во 2008 година за подведување малолетничка. Двајцата повеќепати истакнале дека не виделе докази за трговија со луѓе за сексуални цели, а ниту еден од нив не е обвинет за кривични дела поврзани со Епштајн.
„Не би патувал со него да знаев“
Клинтон изјавил дека не би патувал со приватниот авион на Епштајн доколку знаел за наводната трговија со малолетни девојчиња и дека би ги известил надлежните органи ако бил запознаен со тоа.
„Тука сме само затоа што тој тоа толку добро го криел од сите, и тоа толку долго“, рекол Клинтон во близина на својата резиденција во Чапакуа, сојузната држава Њујорк.
Документите објавени од американското Министерство за правда содржат и фотографии на кои Клинтон е во друштво на жени со прикриени идентитети.
„Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, нагласил тој.
Изјава и од Хилари Клинтон
Неговата сопруга, поранешната државна секретарка Hillary Clinton, претходно изјави дека не се сеќава дека некогаш го запознала Епштајн и дека нема сознанија за неговите сексуални злосторства. Таа додала дека за време на седумчасовното сослушување ѝ биле поставувани и прашања поврзани со НЛО и теории на заговор од 2016 година.
Во меѓувреме, од Белата куќа, Трамп изразил одредена доза сочувство кон Клинтон, велејќи дека не сака да го гледа како сведочи под заклетва, но дека и самиот бил „прогонуван многу повеќе од тоа“.
Брачниот пар Клинтон се согласил да сведочи во близина на својот дом откако Претставничкиот дом се закани со постапка за непочитување на Конгресот поради одбивање соработка.