Клинтонови пред Конгресот за случајот Епстин: што кријат поранешниот претседател и поранешната државна секретарка?

Хилари Клинтон денеска сведочи за случајот Епстин, а утре исказ треба да даде и Бил Клинтон – сослушувањето ќе се одржи без присуство на јавноста

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон денеска треба да сведочи пред Конгресот на Соединети Американски Држави во рамки на истрагата поврзана со скандалот околу Џефри Епстин, кој во 2019 година изврши самоубиство во затвор во Њујорк.

Се очекува утре пред Конгресот да сведочи и нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Според најавите, двајцата ќе дадат исказ преку видео-линк, без присуство на јавноста. Германската агенција DPA наведува дека Клинтонови со месеци одбивале да сведочат во истрагата за Епстин.

Демократската партија ја обвини владејачката Републиканска партија дека иницирала политички мотивиран процес со барањето за сведочење.

Името и фотографиите на Бил Клинтон се појавија во документи поврзани со истрагата за Епстин, но тој претходно изјави дека не сторил ништо незаконско во врска со своите контакти.

Случајот Епстин, кој со години ја потресува американската јавност, повторно добива политичка тежина со најавените сведочења на еден од најпознатите политички брачни парови во САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни