Во текот на седумте децении кариера, Клинт Иствуд помина низ бројни промени и стана еден од најистакнатите симболи на Холивуд, меѓутоа во целото тоа време тој имал само еден омилен филм.
Иствуд имал само 20 години кога излегол филмот „Булевар на самракот“ и според него, ниту еден филм досега не го надминал тоа дело.
Во едно интервју му било сугерирано со неговиот син Скот да сними римејк на овој филм. Сепак, славниот актер се навредил од самата помисла да го прави тоа.
Во „Булевар на самракот“ му се допаднале комбинациите на два стила кои режисерот Били Вајлдер мајсторски ги спои: стилот на лик од немиот филм и модерниот лик.
„Стилот на ликот од немите филмови и ликот на Вилијем Холден, кој е модерен е одлична комбинација. Тие два стила совршено функционираат. Секогаш го сакав Били Вајлдер“ вели Иствуд.