Климатските промени влијаат на сезоната на алергии

Количината на полен се зголемила за приближно 20 проценти во последните три децении, според студијата објавена во 2021 година, благодарение на климатските промени.

Сезоната на алергии секоја година станува подолга, па се повеќе луѓе имаат симптоми. Се очекува нивото на полен да се зголеми за 200 отсто до крајот на векот, предупредуваат експертите. Симптомите што се јавуваат вклучуваат чешање на очите, течење на носот и други симптоми на алергија предизвикани од сезонскиот полен, според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

„Случаите се зголемуваат во последните децении, поттикнати од зголеменото количество на полен и подолгите топли сезони“, изјави д-р Клифорд Басет од Медицинскиот факултет NIU Grossman за Инсајдер.

Тој додаде дека количината на полен се зголемила за приближно 20 проценти во последните три децении, според студијата објавена во 2021 година, благодарение на климатските промени.

Таа количина ќе се зголеми за 200 отсто до крајот на векот, според студијата објавена во Nature во 2022 година. Авторите предвидуваат дека луѓето со веќе постоечки алергии или респираторни проблеми ќе забележат потешки симптоми и дека повеќе луѓе ќе развијат сезонски алергии во наредните децении.

„Луѓето со астма може да доживеат и потешки симптоми, а се повеќе од нив ќе бараат лекови“, изјави претходно Морган Мекфол-Џонсон за Инсајдер.

Климатските промени и загадувањето ги влошуваат алергиите

Главниот извор на емисии на јаглерод, екстракција и согорување на фосилни горива, исто така придонесува за целокупното загадување на воздухот и глобалното затоплување.

Д-р Басет рече дека различни загадувачи можат да се поврзуваат со поленот во воздухот, потенцијално влошувајќи ја сериозноста на симптомите на алергија. Децениското глобално затоплување овозможи порано да започне сезоната на алергии.

„Секоја пролет од 1940-тите, сезоната на алергии започнува порано и завршува подоцна“, рече д-р Басет.

Всушност, сезоната на алергии е продолжена за дури 20 дена годишно.

Подолгите сезони на алергија може да имаат сериозни последици за ризичните групи
Вообичаено, различни видови дрвја произведуваат полен во различни периоди од годината. Но, подолгата сезона на алергии значи и дека различни видови растенија произведуваат полен во исто време, според студијата објавена во Nature во 2022 година.

Астмата, која може да биде предизвикана од полен и загадувачи, е почеста кај ранливи малцинства во лоши еколошки услови и семејствата кои живеат под прагот на сиромаштија. Според Climate Central, живеењето во лошо проветрени згради во области со високо ниво на загадување го зголемува ризикот од респираторни проблеми, особено за време на подолгите сезони на алергии.

Д-р Басет препорачува оние кои страдаат од алергија да разговараат со специјалист, да инвестираат во производи како филтри за воздух, дури и пред да почувствуваат симптоми.

„Може да помогне да се зајакне слузницата на носот“, рече тој, „зголемувајќи ги шансите полесно да ја поминете сезоната на алергии“.

Извор: earth.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни