Климатските промени ти влијаат на здравјето? Еве како да се справиш со анксиозноста и да изградиш отпорност

Активисти, климатски психолози и други во борбата против климатските промени нудат разни начини за градење отпорност и справување со емоциите.

Анксиозност, тага, гнев, страв, немоќ. Емоционалниот товар од климатските промени е обемен, особено кај младите луѓе.

Многумина се грижат што носи иднината, а секојдневната анксиозност поврзана со климата може да предизвика несоница, неспособност за фокусирање, па и полошо. Некои млади се прашуваат дали е морално да донесат деца на свет. Многу луѓе тагуваат за природниот свет.

Активисти, климатски психолози и други во борбата против климатските промени нудат разни начини за градење отпорност и справување со емоциите.

Чувствуваш изолираност? Најди начини да се поврзеш со луѓе со слични ставови и помогни на природата, вели климатскиот психолог Лора Робинсон од САД.

Работи локално за да убедиш повеќе жители да се откажат од тревници и да зголемат биодиверзитет со автохтони растенија. Помогни во создавање нови зелени површини, приклучи се на проекти за заштита на водата, развој на коридори за диви животни или намалување на употребата на пестициди за спас на жаби, инсекти и птици. Работи на подигнување свест за намалување на ноќното осветлување за помош на птиците и светулките.

„Гледам луѓе кои се борат со овие емоции низ сите возрасти,“ вели Робинсон. „Имам родители кои и самите се мачат со своите чувства и се многу загрижени за своите деца во иднината.“

Размисли за т.н. „сендвич на позитивност“ – започни со добра вест, потоа сподели потешка информација, а заврши со нешто повторно позитивно.

Биди пример за твоите деца

Фиби Ју (39) се откажала од добра работа во здравствената технологија за да студира МБА со фокус на одржливост. Таа основала бизнис што продава сунѓери направени од лофа тикви. Сето тоа го прави додека со сопругот го одгледуваат нивниот шестгодишен син во Калифорнија.

„Јас сум генерално многу среќна и оптимистична личност… но понекогаш е навистина тешко да се справиш,“ вели таа.

Дел од справувањето со сопствените емоции ѝ е да биде пример за одржливо однесување на својот син и да го едуцира за важноста на грижата за животната средина.

Семејството вози електрично возило. Не јадат месо и ги охрабруваат и поширокото семејство да го направи истото. Рециклираат, компостираат и го ограничуваат патувањето со авион.

„Се трудам да му објаснам на син ми како функционира светот и екосистемот како целина,“ вели Ју. „Мислам дека децата можат да го апсорбираат тоа и да го претворат во некакво дејствување.“

Бритни Рид предава природни науки во основно училиште што работи онлајн во САД.

Таа учествувала во пилот-проект за бесплатен наставен прирачник за клима, подготвен од невладини организации кои работат на емоционалните ефекти од климатските промени.

Прирачникот содржи методи за поддршка на менталното здравје на учениците, но и на самите наставници. Една од вежбите вклучува документирање на интеракциите на учениците со природниот свет во „еколошка временска линија“.

Да се стави сè на хартија често поттикнува акција, вели Рид.

„Можат да бидат анксиозни, лути или да чувствуваат страв, но се претвораат во борци кои велат: ‘Јас ќе ја сменам оваа планета,’“ додава таа.

Климатската научничка Кејт Марвел, физичарка и авторка на книгата „Човечка природа: Девет начини како да се чувствуваме за нашата променлива планета“, ги повикува луѓето да размислат поинаку за својата улога во зачувувањето на животната средина.

„Често, анксиозноста и безнадежноста доаѓаат од чувството на немоќ. А јас не мислам дека некој од нас е навистина немоќен,“ вели таа.

„Колективно, сме неверојатно моќни,“ додава Марвел. „Можеш да имаш многу поголемо влијание ако се гледаш себеси како дел од колективот.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни