Климатските промени го претворија југот на Англија во нов вински рај

Поради климатските промени, јужна Англија станува идеална винска регија. Англиските пенливи вина освојуваат награди и се извозат сè повеќе, со амбиции за светско признание.

Англиските винари, кои некогаш беа сметани за аутсајдери во светот на виното, денес доживуваат вистински процут. Нивните пенливи вина сè почесто се споредуваат со шампањ, благодарение на климатските промени кои го направија југот на Англија идеален за одгледување грозје, пишува Reuters.

Она што порано претставуваше предизвик, денес е предност. Зголемените температури им овозможија на англиските винари да одгледуваат сорти како шардоне, пино ноар и пино меуниер – истите сорти што се користат во производството на француски шампањ. Региите како Кент, Сасекс и Хемпшир денес имаат климатски услови слични на оние во регијата Шампањ пред неколку децении, што резултира со вина од извонреден квалитет кои освојуваат меѓународни награди.

Амбициозни планови за извоз

Водечките производители, како винарницата Chapel Down, не ги кријат своите амбиции. Тие планираат да ја удвојат производството и значително да го зголемат извозот, со фокус на пазари како САД и Скандинавија.

Според здружението WineGB, целта е да се зголеми извозот од сегашните 7% на дури 25% од вкупното производство до крајот на 2025 година. И покрај предизвиците што ги донесе Брегзит – како посложена документација и зголемени трошоци – индустријата останува оптимистична и бара нови начини за пробив до глобалните потрошувачи.

Борба за престиж и заштита

Со цел да го заштитат својот углед и квалитет, англиските винари работат на добивање статус на заштитена ознака на потекло (PDO) за вината од Сасекс. Со тоа, брендот Sussex би станал гаранција за квалитет – слично како што се Champagne во Франција или Prosecco во Италија.

Овој чекор е клучен за долгорочно позиционирање на англиските вина како премиум производи на светската винска сцена, потврдувајќи дека нивната ренесанса не е само тренд, туку почеток на нова ера во винарството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни