Климатските промени ги влошија пожарите во Турција, Грција и Кипар – Истражување открива зошто 2025 е најлоша година досега

Нов извештај открива дека климатските промени ги направиле пожарите во Турција, Грција и Кипар 22% поинтензивни. Над 1 милион хектари изгорени – најлоша година за пожарите во Европа досега.

Ново истражување потврдува дека климатските промени значително придонеле за интензитетот и ширењето на деструктивните пожари што ова лето зафатија Турција, Грција и Кипар. Според анализа од World Weather Attribution (WWA), временските услови – екстремно топло, суво и ветровито време – биле 22% поинтензивни поради човечкото влијание врз климата.

Во јуни и јули, стотици пожари избувнаа во источниот Медитеран. Турција беше најтешко погодена, со 17 жртви, меѓу кои и пожарникари. Двајца загинаа на Кипар, а еден во Грција. Над 80.000 луѓе беа евакуирани, а пожарите опустошија повеќе од еден милион хектари земјиште – што ја прави 2025 година најлоша по бројот на изгорена површина во Европа.

Истражувачите открија дека: сувата зима со 14% помалку врнежи во споредба со претиндустриското време создаде идеални услови за пожар, еккстремно сувите и топли периоди сега се 13 пати поверојатни а комбинацијата на жештина, суша и силен ветер се случува 5 пати почесто од порано.

Посебно внимание е посветено на т.н. Етесиски ветрови, кои стануваат сѐ посилни и поттикнуваат брзо ширење на пожарите.

Истовремено, ресурси за гасење пожари се премалку дури и при сегашните 1.3°C глобално затоплување. Европскиот механизам за цивилна заштита е активиран 17 пати само во август. Шпанија и Португалија се најтешко погодени земји во ЕУ, со две третини од вкупната изгорена површина.

Според сценаријата на сегашните климатски политики, со затоплување од 2.6°C, овие опасни услови ќе станат 9 пати поверојатни и 25% поинтензивни.

И покрај вклучувањето на стотици пожарникари и авиони, самото гасење не е доволно. Истражувачите повикуваат на долгорочна стратегија за управување со шумската вегетација, информирање на заедниците и подобра превенција.

„Дури и со сите ресурси, пожарите оваа година беа разорни. Во свет што се затоплува, без суштински промени, вакви пожари ќе станат норма“, предупредува д-р Бикем Екберзаде од Техничкиот универзитет во Истанбул.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни