Климатски промени: Италија ја губи титулата најголем светски производител на вино

Италија ја губи титулата најголем светски производител на вино, откако тоа се намалило за 12 проценти во споредба со лани. Ова се должи на екстремните временски прилики и габичните заболувања кои ги опустошија лозјата, предизвикувајќи производството на вино да падне под 44 милиони хектолитри во 2023. Винариите ја очекуваат најслабата жетва во последните шест години.

Ситуацијата е малку подобра во северните региони на Италија, каде што е забележано минимално зголемување на производството од 0,8%. Но, општиот пад придонесе Франција да ја поврати престижната титула за првпат по девет години.

Се очекува производството на вино да се намали за 20 отсто во централните, односно за околу 30 проценти во јужните региони на Италија. Лозјето беше нападнато од габа наречена пероноспора, која го предизвикува едно од најуништувачките заболувања за лозови насади и се прошири благодарение на засилените дождови.

„Жетвата со која се соочуваме е многу сложена. Се карактеризира со ефектите на климатските промени, кои на крајот на пролетта и во почетокот на летото предизвикаа патогени болести, поплави, град и суша. За среќа, намалувањето на производството нема да се одрази на квалитетот на вината“, изјави Рикардо Котарела, шефот на Здружението на енолози на Италија.

Иако Франција ја презеде круната од Италија, таму пак се бележи намалување на побарувачката на виното поради зголемените животни трошоци и менувањето на навиките за пиење. Француската влада објави дека ќе ги поддржи винарите со 200 милиони евра за да им ги олесни финансиските проблеми.

Извор: euronews.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни