Климатски активистки со супа ја полија сликата на Мона Лиза во Париз

Климатски активистки фрлија супа врз познатата слика од Мона Лиза која е заштитена со стакло, повикувајќи се на одржливо производство на храната и промовирајќи  ‘’здрава и одржлива храна“.

Сликата од 16-тиот век на Леонардо да Винчи е едно од најпознатите уметнички дела во светот и се наоѓа во музејот Лувр во центарот на Париз.

Од Лувр соопштија дека делото се наоѓа зад заштитно стакло и не е оштетено.

На видеото се гледа како две активистки облечени во маици на кои пишува „контранапад со храна“ ја фрлаат течноста.

Тие потоа застануваат пред сликата, велејќи: „Што е поважно? Уметноста или правото на здрава и одржлива храна? „Вашиот земјоделски систем е болен. Нашите земјоделци умираат на работа“, додаваат тие.

Oбезбедувањето во Лувр се обидоа да го покријат делото со црни банери пред да се евакуираат посетителите од просторијата.

Групата наречена Riposte Alimentaire (Контранапад за храна) ја презеде одговорноста за акцијата. Тие преку објава на социјалните мрежи повикаа да им се дава на граѓаните секој месец картичка за храна во вредност од 150 евра.

Познатата слика од Мона Лиза години наназад е мета на активисти. Таа се наоѓа зад сигурносните стакла од почетокот на 1950-тите, кога била оштетена од посетител кој ја полил со киселина.

Во 2019 година, музејот соопшти дека инсталирал потранспарентен облик на стакло отпорно на куршуми за да го заштити делото.

Во 2022 година, активист фрли торта на сликата, повикувајќи ги луѓето „да мислат на Земјата“.

Сликата била украдена од Лувр во 1911 година, предизвикувајќи меѓународна сензација. Винченцо Перуџа, кој бил вработен во најпосетуваниот музеј во светот каде се наоѓа делото, преку ноќ се криел во шкаф за да ја украде сликата.

Бил пронајден две години подоцна кога се обидел да го продаде на трговец со антиквитети во Фиренца, Италија.

Извор: https://www.bbc.com/news/world-europe-68121654

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни