Во октомври 2022 година, Фиби Пламер и Ана Холанд фрлаа конзерви со супа од домати Хајнц кон Сончогледите на Винсент ван Гог и ги залепија рацете за ѕидот под сликата во Националната галерија во Лондон.
Иако нема оштетувања на самата слика, обвинителите рекоа дека античката италијанска рамка од 17 век била оштетена како резултат на протестот. Пламер и Холанд беа обвинети за криминална штета и осудени претходно оваа година. Судијата Кристофер Хехир од Краун судот Саутварк им рече на Пламер и Холанд, и двајцата на 22-годишна возраст, да бидат „подготвени во практична и емотивна смисла да одат во затвор“.
Активистиките беа осудени вечра. Пламер доби затворска казна од две години, додека Холанд беше осудена на 20 месеци затворска казна.
Само неколку часа подоцна, тројца демонстранти облечени во „Just Stop Oil“ маици повторно фрлија супа врз две други слики на Ван Гог во Националната галерија во Лондон.
🚨 BREAKING: 2 VAN GOGH PAINTINGS SOUPED HOURS AFTER PHOEBE AND ANNA SENTENCED
— Just Stop Oil (@JustStop_Oil) September 27, 2024
🥫 3 Just Stop Oil supporters have thrown soup over 2 of Van Gogh paintings in the 'Poets and Lovers' exhibition at the National Gallery.
➡️ Support people in resistance: https://t.co/Rh65arOwa1 pic.twitter.com/Tc3Bvd10OB
„Луѓе завршија во затвор затоа што бараа да се стави крај на нова нафта и гас“, извикува еден од демонстрантите во видеото објавено на социјалните мрежи.
Gogh their heads! Just Stop Oil protest against fellow activists being jailed for hurling soup on Vincent Van Gogh's Sunflowers… by throwing soup on his masterpiece in gallery AGAIN https://t.co/ARnwfkmWx2 pic.twitter.com/HqcN5oybOp
— Daily Mail Online (@MailOnline) September 27, 2024
Претходно, повеќе од 100 уметници, куратори, историчари на уметност, академици и други уметнички професионалци потпишаа отворено писмо во кое бараа активистките да не одат во затвор.
Писмото, организирано од Гринпис и уметничкиот колектив Либерејт Тејт, беше објавено на 26 септември, еден ден пред изрекувањето на казната за Фиби Пламер и Ана Холанд. Либерејт Тејт е уметнички колектив основан во 2010 година „посветен на преземање креативна непослушност“ преку своите кампањи против финансирањето на индустријата за фосилни горива во уметноста.
Потписниците на писмото, вклучувајќи ги Фиона Банер, Питер Кенард и Тања Бругуера – како и историчари на уметност и академици од NYU, Универзитетот Виламет, Голдсмитс, Националниот колеџ за уметност и дизајн во Даблин и Универзитетот во Копенхаген – рекоа дека протестот бил „чин кој целосно се поврзува со уметничкиот канон“.
„Како уметници, уметнички работници и историчари на уметноста, ние сме загрижени од одбраната на судовите за лажниот поим за уметничка чистота во нивните пресуди и казни. Уметноста може да биде, и често е, иконоборство. Овие активисти не треба да добијат затворски казни за дело што целосно се поврзува со уметничкиот канон“.
Во писмото се тврди дека иконоборството било признат дел од уметничката практика повеќе од 120 години, вклучително и во делата на футуристите и дадаистите; Асгер Јорн, Роберт Раушенберг; Густав Мецгер, Групацијата Гутаи, Џим Дајн, Марта Минуџин, „многу други изведувачи во 1960-тите“, Александар Бренер и Бенкси.
„Наше експертско мислење е дека би било некоректно оваа акција на Just Stop Oil и нејзината социјална порака да се смета за напад на уметничко дело однадвор. Наместо тоа, таа припаѓа на добро воспоставената традиција на креативно иконоборство“.