Климатолог предупредува: Се плашам во каков свет ќе живеат нашите деца и внуци

Максималните температури во следната деценија најверојатно ќе бидат над 40 степени Целзиусови, а апсолутните локални максимални повеќе од 45 Целзиусови степени, предупреди познат климатолог.
Фото: jcomp/Freepik

Бранко Грисогоно, климатолог и професор по атмосферска физика на Универзитетот за применети науки во Загреб, ја коментираше веста дека во Сахара со денови врне дожд и дека се почесто се објавува дека ова е уште еден доказ дека на планетата не ѝ се пишува добро

„Тоа е малку претерано. Точно е дека врнеше дожд во Сахара неколку дена, но не во цела Сахара. Сахара е толку голема што источниот дел на Сахара не врнеше. Нормално, на Сахара паѓа дожд на секои неколку години, но во овие климатски промени не знам дали ќе бидат повеќе или помалку затоа што се уште не е истражено Генерално, се очекува Сахара да се шири, а не да се намалува“, рече Грисогоно.

Како што истакна во интервју за порталот Вечерњи.хр, најголемиот дел од Медитеранот забрзано се загрева.

„Се загрева побрзо од планетарниот просек… Во исто време, максималните температури не се толку важни, колку што се важни времетраењето и површината, бидејќи се работи за топлинска енергија, која може да се распредели на различни начини. Меѓутоа енергијата прогресивно расте. Максималните температури во следните децении веројатно ќе бидат повеќе од 40 степени Целзиусови, што значи дека апсолутните максимални, мислам во некој град, некоја локација, ќе одат повеќе од 45 степени Целзиусови. Тоа не е добро за растенијата, ниту за животните, ниту за луѓето, но луѓето ќе се снајдат“, истакна климатологот, а потоа откри од што се плаши:

„Постојат три работи од кои се плашам, имено: што ќе се случи со флората и фауната, што ќе се случи со биолошката разновидност и што ќе се случи со нашите деца и внуци, во каков свет ќе живеат“

Извор: Б92

Најново

Последни колумни