Клаудија Шејнбаум е првата жена претседателка на Мексико

Клаудија Шејнбаум го освои претседателството на Мексико. Во историско гласање, таа стана првата жена и првата еврејка избрана на оваа позиција.

Шејнбаум, климатска научничка и поранешна градоначалничка на Мексико Сити, победи на, како што ги нарекоа властите најголемите избори во историјата на Мексико, со најголем број гласачи кои учествуваа.

Претставувајќи ја владејачката партија, таа водеше кампања со ветување дека ќе го продолжи наследството на актуелниот претседател на Мексико и нејзиниот ментор, Андрес Мануел Лопез Обрадор. Шејнбаум, сега се соочува со бројни предизвици кога станува збор за организираниот криминал и насилството во земјата, кои го одбележаа целиот изборен процес.

Клаудија Шејнбаум (61) активно ја водеше кампањата во претходните месеци и отпатува во многу делови на Мексико за да ја претстави својата програма. Родена е во емигрантско еврејско семејство, татко и побегнал од Литванија, а мајка ѝ од Бугарија во 1940 година за да избега од холокаустот. Нејзината мајка Ени Пардо Семо е биолог, а нејзиниот татко Карлос Шајнбаум Јоселевиќ е хемиски инженер. Шејнбаум и самата е научник со докторат по енергетско инженерство.

Студирала физика, докторирала по енергетика и напишала повеќе од 100 трудови за енергија, како и две книги за енергија, животна средина и одржлив развој.

Таа се приклучи на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) при Обединетите нации во областа на енергијата и индустријата во 2007 година, како коавтор на темата „Ублажување на климатските промени“ за четвртиот извештај за проценка на IPCC. Групата таа година ја доби Нобеловата награда за мир. Во 2013 година, таа беше коавторка на Петтиот извештај за проценка на IPCC заедно со 11 други индустриски експерти.

Таа минатата година се повлече од функцијата градоначалник за да се кандидира за претседател.

„Јас сум пример за девојките. „Да се ​​биде првата жена претседателка во Мексико е историски потфат“, рече Шејнбаум.

Најново

Последни колумни