Во петок на 13 септември во 20:00 часот во Кинотека на Македонија, ќе биде прикажан филмот Времето проаѓа низ градот (Laikas eina per miestą/ Time Walks Through the City), документарен филм снимен во Литванија во 1966 година
Режисер е Алмантас Грикевичиус (Almantas Grikevičius), сценариото е на Алмантас Грикевичиус (Almantas Grikevičius).
„Времето проаѓа низ градот“ е 17-минутна кинематографска турнеја низ Вилнус, прекината со премин каде времето се чини дека застанува. Овој филм е „градска симфонија“ за Вилнус, Градот е главниот херој на овој филм. Вилнус е и метафора за и на Литванија.
Овој филм е единствен не само по неговите кинематографски историски рефлексии за државноста на Литванија; ја открива и историјата на кинематографијата, опфаќајќи ги и советските техники на монтажа и првите траги на синема-верите во литванската кинематографија.
„Убавицата„(Gražuolė/ The Beauty ) е игран филм снимен во Литванија во 1961 година во режија на Aрунас Жебриунас (Arunas Žebriunas) и сценарио на Јуриј Јаковлев (Yuriy Yakovlev). Улогите се на Инга Миките, Лилија Задеикуте, Арвидас Самукас (Inga Mickyte, Lilija Zadeikyte, Arvidas Samukas)
Малото девојче Инга, кое живее со својата самохрана мајка, е дружељубиво и искрено и обично собира многу комплименти, па затоа ја нарекуваат и убавица. Сè се менува кога ново момче ќе се пресели во соседството. Бидејќи е груб, тој не се вклопува. Не ги сака пегите на Инга и ја нарекува грда.
„Убавицата„ има посебно место во историјата на литванската кинематографија поради поетскиот стил, суспенсот и приказот на светот низ очите на децата. Слично како и во неговите претходни дела, во филмот Жебриунас го гледа светот низ очите на детето и се обидува да внесе духовна димензија. Тоа е филм за децата, нивните односи и односот помеѓу надворешната и внатрешната убавина. Со користење на навидум неважни детали, режисерот успева да открие поголеми и поважни вистини. „Убавицата“ често се споредува со филмовите на Алберт Ламорис.
На 14 септември во сабота во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот Пристаниште, документарен филм, снимен во Литванија во 1998 година во режија и сценарио на Аудрис Стонис (Audrius Stonys).„Пристаниште“ (Uostas/Harbour) е краток документарен филм е во режија на Аудрис Стонис, еден од најпознати литвански документаристи. Неговите филмови се наградувани по бројни меѓународни филмски фестивали: Оберхаузен, Билбао и Сан Франциско. Во 1992 година филмот „Земјата на слепите“ ја има добиено наградата ФЕЛИКС за најдобар европски документарен филм од Европската филмска академија.„Пристаниште“ е портрет/приказ на хотел во една терапевтска бања во Литванија. Додека работел на друг филм, Аудриус Стонис заедно со неговата екипа престојувале во еден таков хотел. Стонис беше инспириран од местото, од исцелителната магија на бањите со клокотот, третманите со кал и пациентите со гола кожа кои го чекаат смирувачкиот, прочистувачки допир на природните материи. Времето стои на ова чудно место, каде што жените и мажите, лишени од својата скромност и карактеристични лични работи, целосно се предаваат на своите ритуали. Прекрасен по својата едноставност, овој краток и концизен документ е снимен на филм кој пожолтува со возраста – процес кој ги имитира промените што се случуваат во човечкото тело.
МАРШ! МАРШ! ТРА-ТА-ТА!(March! March! Tra-ta-ta!) е игран филм од 1964 година на Рајмондас Вабалас (Raimondas Vabalas Улогите се на Леонас Станевичиус, Валдемарас Јатаутис, Бируте Жебаите, Донатас Банионис, Рајмондас Вабалас, Хенрика Хокушаите (Leonas Stanevičius, Valdemaras Jatautis, Birutė Žebaitė, Donatas Banionis, Raimondas Vabalas, Henrika Hokušaitė).
Во две соседни непријателски земји Сентија и Грошија живеат Зигмас и Јадзе, кои вистински се сакаат. Тие тајно се гледаат, бидејќи граничарите ги пуштаат да поминат. Едно утро мајорот на Грошија случајно паѓа во канализациска дупка, и ги посочува Зигмас и Јазде како виновни. Оваа несреќа станува изговор за уште еден воен конфликт меѓу Сентиа и Грошија.„МАРШ! МАРШ! ТРА-ТА-ТА!“ е првиот литвански филм во боја. Режисер е Раимондас Вабалас, еден од најпознатите литвански режисери, е ученик на советскиот филмски теоретичар и режисер Лев Кулешов. Овој филм е еден од важните пресвртници во историјата на литванската кинематографија, иновативен по својот жанр, музика, сценографија и композиција. Креативното мешање на жанровските конвенции – од мелодрама, комедија, памфлет до политичка сатира – му овозможува на Раимондас Вабалас метафорично и сатирично да ја прикаже судбината на малите земји како жртви на тоталитарните политички системи преку приказната за двајца вљубени луѓе.
На 15 Септември недела во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот Кога бев дете на Алгирдас Араминас.
Дејствието на филмот се фокусира на приказната за првата љубов помеѓу матурантите Томас (Линас Крикшчиунас) и Егле (Јулија Кавалиаускаите), која започнува откако двајцата ќе прескокнат училишна екскурзија. Најважната карактеристика на филмот е тоа што е проникнат со духот на младоста. Неговата основна вредност лежи во прикажувањето на опојните чувства и искуства од првата љубов, дури и ако се нарушени со болка од љубомора и разочарување.Кога филмот првпат се појави во кината, беше критикуван за пасивност на младите протагонисти и наводното оддалечување на социјалистичката реалност. И покрај тоа, од денешна дистанца, КОГА БЕВ ДЕТЕ останува еден од најистакнатите филмови на познатитиот литвански режисер Алгирдас Араминас кој прецизно го доловува тогашното време и универзалните проблеми кои ги носи созревањето на една млада личност.
На 16 септември понеделник во 18:00 часот ќе се прикаже Девојката и Ехото на Арунас Жебриунас.
Филмот, базиран на расказ од познатиот советски писател Јуриј Нагибин, раскажува за младата девојка Вика како ужива во последните денови од летниот одмор во морско одморалиште некаде на југ.