Ќе ви вратат двојно: хороскопски знаци со кои не треба да се задевате

Астролозите често зборуваат за знаци кои се благи, емпатични и полни со разбирање.

Но, постојат и оние други – знаци кои памтат секој збор, секоја неправда и секое предавство. Не се нужно осветољубиви, но ако им се замерите, подгответе се – ќе ви вратат двојно.

Шкорпија

Кога се спомнува одмазда, Шкорпијата секогаш е на прво место. Нејзиниот интензитет и емоционална длабочина значат дека ништо не заборава – а уште помалку простува. Ако ја повредите, нема веднаш да реагира. Ќе чека трпеливо, ќе дозволи да помислите дека сè е заборавено… а потоа ќе ви покаже дека со неа нема игра.

Јарец

Јарците не се класични осветници. Тие не губат време на ситни препирки, но никогаш не забораваат кој ги потценил. Нивната одмазда е тивка, но ефикасна – успехот. Ако се обидете да ги урнете, тие ќе се издигнат повисоко од кога било, а вие ќе мора да гледате како ги постигнуваат токму оние цели што сте им рекле дека се невозможни.

Лав

Лавовите не дозволуваат никој да им го повреди гордоста. Ако им го раните егото, нивната реакција ќе биде драматична, но беспрекорно изведена. Нема да се спуштат на ниво на оговарања – ќе ви возвратат со самодоверба и блесок. Нивната одмазда е едноставна: ќе блеснат посилно од кога било и ќе ве натераат да се запрашате зошто воопшто сте се обиделе да ги потцените.

Бик

Иако Биковите важат за трпеливи и мирни, не треба да ги тестирате нивните граници. Тие долго трпат и даваат шанси, но кога ќе решат дека е доста – нема враќање назад. Нивната одмазда не е гласна, туку студена и тивка. Тие едноставно ќе ве исфрлат од својот живот без збор, а најголемата казна е нивното целосно игнорирање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни