Ќе се врши обдукција на телото на Панчо, одлучи Обвинителството

Панчо почина на 46 годишна возраст, а зад себе остави два малолетни синови

Јавното обвинителство ќе донесе наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот пејач Владимир Блажев – Панчо.

„Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму поради здравствената состојба“, соопштија од Обвинителството.

Панчо почина утрово по неколкумесечна борба со повредите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во истрагата за пожарот во „Пулс“ Панчо беше опфатен како еден од осомничените кој ја внел пиротехниката во дискотеката, но поради неговата хоспитализација постапката беше ставена во мирување.

Панчо почина на 46 годишна возраст, а зад себе остави два малолетни синови. Тој е 63тата жртва од кобниот пожар што се случи на 16 март оваа година

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни