Ќе објави ли НАСА за посети од вонземјани во извештајот за НЛО кој треба да биде споделен денес?

НАСА денес ќе одржи брифинг за медиумите во 16 часот по македонско време, во седиштето на агенцијата во Вашингтон за да ги претстави наодите на тимот за истражување на неидентификувани аномални феномени (НАФ), новото име за неидентификувани летечки објекти, што го нарача во 2022 година.

Околу 30 минути пред брифингот, агенцијата ќе го објави целосниот извештај на тимот на интернет, кој има цел да ја информира НАСА за тоа какви можни податоци би можеле да се соберат во иднина за да се расветли природата и потеклото на овие летала. Извештајот не е преглед или проценка на претходни неидентификувани набљудувања.

НАСА го дефинира НАФ како набљудување на настани на небото кои не можат да се идентификуваат како авиони или познати природни феномени од научна перспектива. Во моментов има ограничен број висококвалитетни набљудувања на НАФ, кои оневозможуваат да се извлечат цврсти научни заклучоци за нивната природа.

Независниот студиски тим на НАФ е совет од 16 експерти од заедницата за различни области и за прашања релевантни за потенцијалните методи на проучување за неидентификувани аномални појави. НАСА ја нарача студијата за да  ги испита од научна перспектива и да создаде патоказ за тоа како да ги користиме податоците и алатките на науката за да го придвижиме нашето разбирање за НАФ во иднина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни